29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради кризата Чесите се откажаа од зеленчукот

Поради кризата Чесите се откажаа од зеленчукот

zelencuk Најдолгата рецесија во Чешка досега ги промени потрошувачките навики и менито на Чесите. Од потрошувачката кошница од десет намирници без кои не се може беше отфрлен зеленчукот, но не и пивото. Топ 10 намирници кои се купуваат се пециво, леб, млеко, путер, но и евтините видови на пива. Во целост е отфрлен зеленчукот кој во првите десет беше претставуван со краставиците, соопшти трговскиот ланец „Ahold“. Чесите купуваат се помалку зеленчук уште од пред три години, но тек сега го снема од списокот за неопходни намирници, иако Чесите на кои викендиците и градините им се национално хоби уште од времето на социјализмот и се почесто сами одгледуваат зеленчук или го купуваат директно од соседот кој е земјоделец. Европското биро за безбедност на намирниците препорачува дневно по 400 грама зеленчук по лице. Во Европската унија тој просек е 386 грама, додека во Чешка по лице сега е само 250 грама дневно. „Бројот на купувачи не ни се намалува, но се менува потрошувачката кошница и се поприсутен е трендот да се купува на попусти“, вели портпаролот на „Ahold“, Јудита Урбанкова. Цените на намирниците и безалкохолните пијалоци пораснаа во Чешка во однос на јули минатата година за седум проценти што е најмногу во Европската унија, а за последните пет години за шест проценти е зголемен бројот на Чеси кои чекаат разни попусти или промотивни акции. Сега намирници со попуст купуваат 37 проценти од потрошувачите во хипермаркетите, дисконтите и во малите продавници. Чесите на храна штедат и така што расте бројот на оние кои од дома носат ручек на работа, пред се поради тоа што поради штедење компаниите ги укинуваат рестораните и мензите. Секој втор Чех носи на работа ручек кој е направен дома, а во рестораните јадат само 13 проценти од вработените.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП