19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕРешение за многу проблеми: Овој сок го чува црниот дроб, го лекува...

Решение за многу проблеми: Овој сок го чува црниот дроб, го лекува желудникот…

Глукозата од капините е важен извор на енергија, а фруктозата игра важна улога во превенцијата на дијабетес. Содржи и големи количини на билни влакна, поради што особено се препорачува на оние кои страдаат од запек.

Сочни и вкусни, богати со моќните антиоксиданти, а особено со пигментот антоцијанин кој има важна улога во контролата на нивото на шеќер во крвта, капините се исклучително здраво и лековито овошје. Зрелите плодови се вистинска ризница на танин и пектин, јаболкова, лимонска и аскорбинска киселина, железо, витамин Ц, калиум, магнезиум, фосфор, бакар, витамини од групата Б…

Глукозата од капините е важен извор на енергија, а фруктозата игра важна улога во превенцијата од дијабетес. Содржат и голема количина на билни влакна, поради тоа особено им се препорачуваат на оние кои страдаат од запек, бидејки има благо лаксативно дејство. Сокот од капини делува поттикнувачки на работата на клетките на црниот дроб, штитејќи го од различни тешкотии. Редовното консумирање на ова суперовошје ја подобрува циркулацијата, благотворно делува на нервниот систем, ја намалува надразливоста и го подобрува паметењето.

Освен плодовите, лековити се и листовите од капината. Чајот од листови од капини се препорачува при крварење на желудникот, воспаление на цревата и хронично надразнето слепо црево. Овој напиток истовремено ја чисти крвта, ги намалува или лекува кожните осипи, лишаите и другите кожни промени, а се користи и за лекување на анемија. Делува и на намалувањето на крвниот притисок, а народните лекари го препорачуваат и при парадентоза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП