24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФИФА листа – Македонија падна 10 места, Англија уште пред Италија

ФИФА листа – Македонија падна 10 места, Англија уште пред Италија

Фудбалската репрезентација на Македонија падна од 62. на 72. место на најновата ранг листа на ФИФА, на чиј врв останува Белгија, додека новиот европски шампион Италија уште е зад Англија, репрезентацијата која ја победи за европската круна.

Причина за падот на листата, секако, се трите порази кои македонската репрезентација ги забележа во своето прво историско учество на Европското првенство, во Австрија, Украина и Холандија.

Белгијците остануваат најдоброрангирани на листата пред Бразил, Франција, Англија и новиот европски шампион Италија. Во топ 10 влегоа Мексико и САД, додека испаднаа Данска и Уругвај. Аргентина по освојувањето на Копа Америка е на шестото место пред Шпанија, Португалија, Мексико и САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП