27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКриминални активности со најдобра заработка

Криминални активности со најдобра заработка

gunsAndMoney-748946

Трговијата со дрога е најдоходовната нелегална активност. Половина од приходите од прекуграничната криминална активност доаѓаат од трговијата со дрога. Видете кои се осумте активности кои носат многу пари, но со кои не ве советуваме да ги правите.

Шверц на дрога.

Пресметано е дека тоа е бизнис со промет од 320 милијарди долари годишно. Околу половина од приходите на сите прекугранични криминални активности доаѓаат од трговијата со дрога. Парите кои се заработуваат се еквиваленти на 0,6 – 0,9 проценти од глобалниот БДП. Најмногу приходи носат кокаинот и хероинот. Прометот на кокаинот е во вредност од 85 милијарди долари за 2009-та година, а на хероинот е 68 милијарди долари. Во Европол велат дека трговијата со канабис станува се популарна поради понискиот ризик. Големите „играчи“ во трговијата со хероин се албанските, пакистанските и турските криминални групи. Кај кокаинот се мексиканските и нигериските картели, но далеку пред нив се колумбиските.

Сообраќај на луѓе.

Целта на трговијата со луѓе е најчесто сексуалната експлоатација. Според Меѓународната организација на трудот жртви на овој сообраќај се околу 2,4 милиони луѓе во светот во моментов, а профитот на шверцерите изнесува околу 32 милијарди долари. Жртви на трговија со луѓе има во најмалку 137 земји.

Сообраќај на животински кожи и друга егзотична стока.

Црниот пазар на егзотични производи од животинско потекло е бизнис за 7,8 – 10 милијарди долари годишно. Предмет на оваа трговија претежно се рогови од носорози, коски на слонови, тигарска кожа, како и егзотични птици. Повеќето коски на слонови доаѓаат од Централна Африка, каде што се убиваат многу слонови за оваа причина. Во овој бизнис се инволвирани само специјализирани криминални групи, а често коски и рогови се крадат од музеи, аукции, изложби и слично.

Фалсификувани лекови.

Овие злосторства се многу опасни за здравјето на луѓето поради лекување со неефикасни фалсификувани лекови, а во некои случаи може да предизвикаат дури и смрт. Бизнисот е со промет од околу 1,6 милијарди долари. Од гледна точка на криминалците тоа е многу добар бизнис, бидејќи не е потребна посебна инфраструктура, а побарувачката е бескрајна. Истражувањата на Светската здравствена организација покажуваат дека околу 1/3 од запленетите фалсификувани лекови не содржат никакви третирани состојки, 1/5 содржат активна состојка, но во погрешна пропорција, а во 1/5 има сосема различни активни состојки.

Пренесување на илегални имигранти.

Постојат два главни правци за оваа активност – едниот е од Латинска кон Северна Америка, а другиот е од Исток и Африка кон Европа. Од првиот криминалците заработуваат околу 6.6 милијарди долари годишно, а од вториот 150 милиони долари. Секоја година во Северна Америка влегуваат нелегално 3 милиони луѓе од Латинска Америка и 55.000 од Африка. Овој потфат сепак е опасне за животот на самите имигранти кои се превезуваат во камиони, понекогаш во ладилници или во вреќи и други запечатени површини.

Трговија со оружје.

Од оваа активност се заработат помеѓу 300 милиони и 1 милијарда долари годишно. Секоја година од САД во Мексико нелегално се пренесени околу 20.000 парчиња оружје што носи 20 милиони долари. Во 2007-2008 од Источна Европа се извезени околу 40.000 пушки Калашников во вредност од 33 милиони долари.

Сообраќај на природни ресурси.

Во оваа дејност се вклучува дрвените материјали, нафтата, благородните метали и растенија. Тие генерираат околу 7 милијарди долари. Оваа активност ја загрозува животната средина, бидејќи се сечат шуми и доаѓа до промени во фауната и флората на цели региони. Дрва нелегално се испраќаат од Мјанмар, Индонезија и Малезија до Европа. Во Јужна Африка има проблем со трговијата со злато, особено во Конго.

Сајбер криминал.

Овој вид злосторство станува се поприсутно во САД и чини 100 милијарди долари годишно. Околу 1,5 милиони корисници на интернет секоја година стануваат жртва на кражба на идентитетот. Тоа на криминалците им носи 1,5 милијарди евра. Тука се вклучува и детската порнографија. Секоја година онлајн се собраат 50.000 нови порнографски материјал со деца што им носат на криминалците околу 250 милиони долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП