19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПлатата на Дончиќ ќе скокне четирикратно!

Платата на Дончиќ ќе скокне четирикратно!

Далас маверикс му подготвуваат на словенечкиот ас Лука Дончиќ нов договор вреден 202 милиони долари, тврдат американските медиуми.

Дончиќ во моментов дебитира на Олимпијада, каде што успеа да ја однесе Словенија до четврт-финалето, а по крајот на Игрите, Марк Кјубан ќе се обиде да го продолжи договорот на уште пет сезони.

Дончиќ во моментов добива околу 8 милиони долари по сезона од Далас, така што ова ќе значи дека ќе добива дури четири пати поголема плата. Словенецот беше избран на НБА-драфтот како трет пик од Маверикс. Минатата сезона тој ја заврши со просек од 27.7 поени, 8.6 асистенции и 8 скока по натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП