25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку долго можете да користите еден пешкир?

Колку долго можете да користите еден пешкир?

Научниците откриваат колку долго можете да користите исти пешкири, а да не го загрозите своето здравје…

Сите експерти се едногласни во одговорот на ова прашање: еден ист пешкир можете да го користите најмногу три до четири пати. Ако истиот пешкир го користите повеќе од четири пати, ја изложувате кожата на бројни бактерии, па дури и мувла.

„Пешкирите кои ги користиме по туширањето, па ги оставаме влажни да се исушат, би требало да ги користиме максимум четири пати. Бактериите и мувлата се наталожуваат, иако нивниот раст се забавува кога пешкирот е веќе сув“, објаснува професораката од Универзитетот во Аризона, Кели Рејнолдс.

Притоа важно е да знаете дека и сушењето треба да го направите на правилен начин, пешкирот треба да го изложите на провев или сонце, да не го преклопувате, со цел тој побрзо да се исуши, а најдобро е да користите потенок пешкир. Доколку пешкирот го чувате во бањата, отворете ја вратата и вклучете вентилатор со цел да се намали количината на влага.

Сепак, се препорачува пешкирите да не се чуваат во бањата, бидејќи така ја собираат целата влага, па затоа сместете ги во друга просторија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП