28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕмиратите даваат 100.000 „златни визи“ на програмери од целиот свет

Емиратите даваат 100.000 „златни визи“ на програмери од целиот свет

Обединетите Арапски Емирати објавија план да им понудат 100.000 „златни визи“ на програмерите како дел од „Националната програма за програмери“, со цел да ја зајакнат својата економија и да создаде голем број работни места во технолошкиот сектор.

Емиратите нудат 100.000 визи за талентирани програмери од каде било во светот.

„Златните визи“, кои на примателите им овозможуваат долг престој, ќе бидат доделени на програмери, претприемачи, сопственици на деловни активности и стартапи вклучени во програмирањето. Идејата на програмата е диверзификација на економијата на земјата.

Покрај тоа, ОАЕ планира да основа 1.000 компании кои ќе учествуваат во процесите на дигитална трансформација на државните и економските системи.

Планот беше лансиран во соработка со некои технолошки гиганти, вклучувајќи ги „Microsoft“, „Google“, „IBM“, „Cisco“, „Amazon“, „Facebook“, „Nvidia“, „LinkedIn“, „HPE“ и други, кои треба да обучуваат луѓе. Целта е да се финансираат стартапи што е можно повеќе и да се зголемат инвестициите.

Во земјите на Блискиот исток, чии економии традиционално беа најзависни од нафтата, технологијата беше препознаена како значајна можност во последните неколку години, но на овие земји им недостасуваат луѓе со соодветни технолошки вештини и искуство. Луѓето од сите националности и возрасни групи можат да аплицираат за виза.

Како дел од програмата, организаторите ќе ги поканат програмерите од целиот свет да најдат решенија за владините, економските, технолошките, здравствените и услужните предизвици, а исто така ќе организираат разни хакатони. Меѓу другото, се бараат софтверски инженери, електроинженери, како и експерти од областа на вештачката интелигенција и науката за податоци.

Предизвиците по пандемијата, како и постојните стратегии за диверзификација на локалните економии на Блискиот исток, ќе го поттикнат растот на ИТ-секторот, каде што токму овој сектор ќе има клучна улога во намалувањето на зависноста од приходите од нафта.

ОАЕ не е сам во ова, со оглед на тоа што поширокиот регион на Блискиот исток е растечки центар за технолошки стартапи, кои минатата година направија значителни инвестиции таму.

Според извештајот на „MAGNiTT“, регионот на Блискиот исток и Северна Африка (МЕНА), и покрај пандемијата, минатата година забележа рекордна инвестиција од 1 милијарда долари во стартапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП