3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДесетте најголеми нискобуџетни авиокомпании

Десетте најголеми нискобуџетни авиокомпании

„Easyjet“ значително ја зголеми продажбата во текот на пролетта. Компанијата главно профитираше од врските кон Италија и Швајцарија. Но кој го контролира пазарот на нискотарифните авиокомпании? Еве го одговорот на тоа прашање.

„Air Baltic“ – 33 авиони.

avionisko10

Латвиската авиокомпанија „Air Baltic“ има 33 авиони, од кои 14 се „Boeing 737“. Пред извесно време беше објавено дека нарачале уште 20 авиони од компанијата „Bombadier“.

„Wizz Air“: 35 авиони.

avionisko9

Унгарската компанија „Wizz Air“ има многу добра мрежа, особено во Источна Европа. Авиокомпанијата неодамна стана хит бидејќи стави такса за рачниот багаж и веќе овозможува многу мала големина бесплатен рачен багаж.

„Jet2“: 36 авиони.

avionisko8

Британската нискобуџетна компанија „Jet2“ постои од 2002-та година, но и покрај тоа има 36 авиони во својата флота, што ја прави една од најголемите компании во Европа. Со своите 27 „Boeing 737“ летала и уште девет „Boeing 757“, компанијата патува до дестинации во Медитеранот, како и до Њујорк.

„Aer Lingus“: 36 авиони.

avionisko7

Со своите 36 авиони „Air Lingus“ ја има истата позиција како и „Jet2“. Во флотата на ирската авиокомпанија има 33 „Airbus 320“ и три „Airbus 321“. „RyanAir“ се обидува да ги купи ирските конкуренти, но засега битката е неуспешна.

„Vueling“: 46 авиони.

avionisko6

Шпанската авиокомпанија „Vueling“ е основана во 2004-та година. Флотата на нискотарифната компанија е целосно од авиони од тип „Airbus 320“. Имаат бази на осум места во Европа, од кои во Париз, Тулуз и Амстердам.

„Norwegian“: 63 авиони.

avionisko5

Во норвешката флота има 63 летала од типот „Boeing 737“ од кои многу се украсени со портрети на познати скандинавски личности. Во вториот квартал на изминатата година, „Norwegian“ има околу 16 милиони профит.

„Flybe“: 67 авиони.

avionisko4

Британската авиокомпанија ја има најголемата флота со машини на „Bombadier DashQ8-400“ во светот. Фирмата е со седиште во Саутемптон и лета до различни точки во Европа.

„Germanwings“: 32 авиони.

avionisko3

„Germanwings“ располага со 32 авиони, што ја внесува во рангирањето за најголемите нискобуџетни авиокомпании. Во средината на оваа година сестринската фирма на „Lufthansa“ ќе добие дополнително авиони од компанијата-мајка и со новите летала „Germanwings“ ќе стане третата по големина нискобуџетна авиокомпанија во Европа. Планирано е да ги преземе сите летови на „Lufthansa“ од Франкфурт и Минхен.

„Easyjet“: 184 авиони.

avionisko2

Британската авиокомпанија стигна до рекордна добивка – меѓу 450 и 480 милиони фунти (524 до 559 милиони евра). Ривалот на „Ryanair“ превезе  58,4 милиони патници во текот на изминатата година. Во флотатат на оваа компанија се наоѓаат 151 авиони од типот „Airbus 319“ и 33 од „Airbus 320“. Компанијата сака да ги прошири своите услуги, а во јули месец порачаа и 135 авиони за кратки дестинации од „Airbus“.

„Ryanair“: 293 авиони.

avionisko1

Со своите близу 300 авиони во својата флота, Ирците и нивниот ексцентричен шеф Мајкл О’Лири несомнено се победниците во рангирањето за најголемата нискотарифна авиокомпанија во Европа. Сепак, поради високите цени на горивата, компанијата забележува пад на профитот со цели 29 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП