26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФЕД: Тарифите на Трамп се причина за загуби на милијарди долари

ФЕД: Тарифите на Трамп се причина за загуби на милијарди долари

Од почетокот на 2020 година, во меѓународните трговски податоци започна да се појавува многу необична аномалија: Кина објави дека продава повеќе стоки на САД отколку што САД објавија дека купуваат од Кина.

Ова беше пресврт во вообичаената шема и производ на трговската војна меѓу двете земји, но не и намерна последица. Тоа се должи на погрешно пријавување од кинеските извозници и американските увозници, според новата студија на економистите на Федералните резерви, цитирана од „Bloomberg“.

Американските компании можат да плаќаат помалку давачки ако ја намалат книговодствената вредност на стоките што ги увезуваат од Кина, додека кинеските компании можат да добијат поголеми попусти на ДДВ-то доколку ја зголемат вредноста на извозот, велат економистите.

Нормално, вредноста на увозот на стока при влез во земја треба да биде поголема од вредноста на истиот производ при напуштање на друга земја. Тоа е затоа што во цените на увозот обично спаѓаат трошоците за транспорт и осигурување, додека во цените за извоз не.

До февруари 2020-та година, ова беше случај со билатералната трговија меѓу САД и Кина – американскиот увоз на стоки од Кина отсекогаш бил поголем по вредност од извозот на Кина во САД. Но, од март скоро секој месец се забележува спротивното.

Извештајот ги потенцира тешкотиите да се добие трговска војна со економски бариери како што се тарифите – спротивно на ставовите на претходниот претседател Доналд Трамп, кој рече дека победата ќе биде лесна.

Овој вид извештај и од американските и од кинеските компании објаснува многу за намалениот трговски дефицит меѓу САД и Кина откако двете земји започнаа да воведуваат тарифи во 2018-та година, велат економистите на централната банка Хантер Кларк и Ана Вонг.

Билансот е намален за 88 милијарди во 2020-та година од 2017-та година, според нивните пресметки, со 55 милијарди од оваа разлика поради затајување данок, и 12 милијарди долари за погрешно пријавување за поврат на ДДВ, а остатокот од 20 милијарди долари е необјаснет.

„Трговскиот конфликт имаше многу помал ефект врз билатералниот биланс на трговијата на САД со Кина отколку што првично се појавува кога ќе ги разгледаме податоците на САД“, велат економистите. Непријавениот увоз на САД значи и дека се изгубени тарифи за околу 10 милијарди долари, се вели во извештајот.

Неодамнешните трговски податоци од Кина покажуваат и бавен напредок во исполнувањето на целите договорени со САД според трговскиот договор. Од јануари 2020-та година, увозот на индустриски, земјоделски и енергетски производи во Кина е скоро 157 милијарди американски долари или околу 41% од целта договорена меѓу двете земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП