Ако сакате да ослабите многу поважно е што јадете отколку колку вежбате. Научниците велат дека најдобрата исхрана е онаа со најмалку јаглени хидрати.
Имено, научниците од Харвард во своето последно истражување откриле дека исхраната со малку јаглени хидрати е одличен сојузник во губењето на вишокот килограми – оние кои биле на овој режим изгубиле до пет килограми повеќе за ист временски рок.

