28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА подготвува жестока казна за Арнаутовиќ

УЕФА подготвува жестока казна за Арнаутовиќ

УЕФА отвори официјална истрага против репрезентативецот на Австрија, Марко Арнаутовиќ, поради инцидентот што го предизвика на натпреварот против Македонија.

Во неделата Австрија ја победи Македонија со 3:1 во првото коло во Ц-групата. По завршувањето на натпреварот, во медиумите и на социјалните мрежи се коментираа зборовите што Арнаутовиќ ги упати кон македонскиот репрезентативец Алиоски.

Арнаутовиќ во 89. минута го постигна третиот гол за Австрија, а потоа упати навредливи зборови кон Алиоски.

Вчера, Австриецот се извини истакнувајќи дека не е расисит.

„Според членот 31 (4) од Дисциплинскиот правилник на УЕФА, одреден е етички и дисциплински инспектор, кој ќе отвори истрага за инцидентот во кој учествуваше Марко Арнаутовиќ во текот на натпреварот Австрија – Македонија“, наведе УЕФА во соопштението.

Доколку биде потврдено дека навредите биле расистички или етнички, тогаш Арнаутовиќ би можел да биде суспендиран на 10 натпревари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП