26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГрупацијата „NLB“ во милионска загуба

Групацијата „NLB“ во милионска загуба

nlb1

Нова Љубљанска банка (NLB) во првата половина од оваа година забележала загуба од 91,2 милиони евра, објави групацијата на сајтот на Љубљанската берза.

Загубата на матичната компанија „NLB“ изнесувала 85,8 милиони евра, на што влијаеле задолжителните резерви, кои на ниво на групацијата изнесувале 145 милиони евра, а на ниво на „NLB“ 131,6 милиони евра.

Ако се одземат овие резерви, добивката на групацијата „NLB“ изнесувала 35,1 милион евра, а на матичната компанија 35,3 милиони евра, пишува во годишниот извештај за работењето на најголемата словенечка банкарска групација, пренесува „Bizlife“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП