26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПандемијата не ја намалува привлечноста на живеалишта за инвеститорите во недвижнини

Пандемијата не ја намалува привлечноста на живеалишта за инвеститорите во недвижнини

Пандемијата на коронавирусот има мал ефект врз ставовите на инвеститорите во недвижнини во Европа, според студијата на „Catella Research“, цитирана од „Property-Magazine International“.

Taa oпфаќа пазари на недвижности во 61 град и 19 земји на Стариот континент. Побарувачката во средина со ниски каматни стапки останува многу голема. Ова се рефлектира во континуираниот раст на просечните откупни цени и закупнините според последниот извештаен период од октомври 2020-та година. Овој тренд е повторно придружен со постојан пад на приносот на становите. Дури и зголемувањето на каматните стапки на долг рок и загриженоста за инфлацијата не можат да го запрат интересот на инвеститорите за недвижнини.

„Побарувачката за недвижнини во Европа останува исклучително голема. Се повеќе видливото додавање на домовите во инвестициските инструменти кои претходно беа фокусирани главно на канцелариите и малопродажниот простор, исто така, дава посебен интензитет на пазарот“, рече проф. Томас Беиерле од „Catella Group“.

„Овие пазари продолжуваат да нудат потенцијал на инвеститорите кои сакаат да ги диверзифицираат можностите и да го балансираат ризикот и да го вратат своето портфолио на европските пазари. Големите градови и метрополи во моментов се најбараните пазари. Од друга страна, овие пазари се значително понестабилни и хетерогени од секундарните градови, особено во време на значително менување на економските знаци, зголемување на политичката интервенција врз цените и сè уште тешката проценка на структурните последици во постпандемиската фаза“, додаде тој.

Според анализата, просечната месечна закупнина на становите од која било година на градба во испитаните 61 град е моментално 15,46 евра за метар квадратен, што претставува пад од 0,9% во споредба со анализата од минатата година во третиот квартал на 2020-та година.

Најниски закупнини има белгискиот град Лиеж (9,30 евра за метар квадратен), следен од шпанскиот град Малага со просечна цена од 9,40 евра за метар квадратен и Брно во Чешка со 9,50 евра за метар квадратен.

Најскапиот пазар за изнајмување станови е Женева, Швајцарија, за 30,10 евра за метар квадратен. Во Луксембург, цените се зголемија за 16% на 29 евра за метар квадратен, а побарувани се и градови како Париз и Даблин.

Просечната набавна цена на стан во Европа од која било година на градба во моментов е 5.017 евра за метар квадратен, што претставува силен пораст од 4,15% во споредба со третиот квартал од 2020-та година. Цените се движат од 1.700 евра за метар квадратен во Рига до 15.430 евра на метар квадратен во Лондон.

Британската престолнина останува најскапиот пазар за станови во Европа, но просечната куповна цена падна за уште 8,4% во однос на претходните шест месеци. Следува Женева со просечна откупна цена од 13.760 евра за метар квадратен и пораст од 4,2%.

Просечниот принос во Европа од станбени згради од прва класа се намали на 3,19% или 0,47% во споредба со претходните шест месеци.

Најмал принос има од станбените имоти во Стокхолм, каде што за постојните станови достигнува само 1,30%, следен од Цирих со 1,40%.

Најатрактивен принос на првокласно домување меѓу анализираните 61 пазар има во балтичките градови Рига и Вилнус од 5,35%, следени од Вроцлав во Полска со 5,3%.

„Catella“ очекува приносите да продолжат да опаѓаат благо на многу европски локации до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП