26 април, 2024
ПочетнаКОРОНАЕГЗИТ Фестивал: 3.000 билети за медицинарите, 1.500 вакцини за странските гости

ЕГЗИТ Фестивал: 3.000 билети за медицинарите, 1.500 вакцини за странските гости

Министерството за здравство и Егзит фестивалот започнуваат заедничка кампања насочена кон поттикнување на вакцинацијата против коронавирусот, се вели во соопштението на фестивалот.

Од „Егзит“ се наведува и дека во знак на благодарност до медицинските работници за стоењето на „фронтот“ во борбата против коронавирусот, тие ќе донираат 3.000 влезници за отворањето на фестивалот на 8 јули.

Покрај тоа, како дел од оваа соработка, Министерството за здравство ќе обезбеди вакцини за 1.500 странски изведувачи и посетители на „Егзит“, што ќе им помогне на граѓаните на земјите кои во моментот немаат доволно вакцини.

Тие исто така наведуваат дека вакцинацијата може да даде дополнителен придонес за општата безбедност и безбедноста на фестивалот годинава.

Според изјавата, министерот за здравство, Златибор Лончар, исто така, ја истакнал важноста на кампањата за вакцинација.

„Ги повикувам сите млади што побрзо да се вакцинираат, бидејќи сега од нив зависи колку брзо ќе можат да се вратат на активностите што најмногу ги сакаат, вклучително и концертите и фестивалите“, рече Лончар.

„Егзит“ исто така вели дека како дополнителен поттик за кампањи за вакцинација, водечките српски музички фестивали неодамна воведоа безбедносен протокол, кој предвидува дека само оние кои биле вакцинирани, имаат сертификат дека прележале коронавирус или имаат негативен ПЦР тест, ќе можат да влезат на фестивалите.

„Овој протокол, кој беше испратен до Владата на Србија и Кризниот штаб за усвојување, се заснова на најновото научно истражување ширум Европа, кое докажа дека, со наведените ограничувања при влегување во настани, ризикот од ширење на инфекцијата е речиси занемарлив“, се вели во соопштението.

Основачот на фестивалот „Егзит“, Душан Ковачевиќ, рече дека со наведените ограничувања, фестивалите ќе бидат најбезбедно место за собирање во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП