28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНенавремено донесување на Законите од областа на управување со отпадот може неповолно...

Ненавремено донесување на Законите од областа на управување со отпадот може неповолно ќе влијае врз компаниите во оваа 2021

Иако изминатиот период МЖСПП партнерски со нас од Комората работеше максимално колку може на изготвување и носење нов пакет закони од областа на животната средина, поточно во делот на управување со отпад, истите се уште не се донесени. Нивното изготвување и измени се  почнати во почетокот на јануари 2018та, но се уште се на сила старите закони донесени во 2010 и 2011 година!

Петте закони од областа на управување со отпадот се општиот Закон за управување со отпад (ЗУО) кој ја регулира можноста за користење на отпадот како гориво, но и законите за посебните текови на отпад како што се Законот за управување со пакување и отпад од пакување (ЗУПОП), Законот за управување со електрична и електронска опрема (ЗУЕЕО) и Законот за управување со батерии и акумилатори (ЗУБА). Петтиот закон, Закон за проширена одговорност на производителите (ЗПОП) е сосема нов и го регулира построго формирањето и  работењето на колективни постапувачи со отпад, како што се и компаниите членки на оваа асоцијација: Пакомак, Еуроеко-пак, Екон-електрон, Нула Отпад, Ел-колект и Оба, но и други како Алпак-еко и Еко пакинг.

Новите закони ги имаат вклучено најголем дел од нашите забелешки кои ги дававме во тек на нивната изработка, за што имавме навистина одлична комуникација со МЖСПП. Она што ни беше најважано, тоа е поставување реални цели за рециклирање во периодот 2020-2030 и тоа е веќе дел од новите закони.

Сега, доведени сме во ситуација нашето работење за 2020 да биде оценувано по закони донесени во 2010 и 2011 година, каде се поставени нераелано високи цели за рециклирање, препишани тогаш од ЕУ законите, не земајќи го в предвид нашиот домашен контекст и тогашниот почетен капацитет за селекција и рециклирање на отпадот кој беше далеку под европските просеци.

Неносењето на новите закони и оценка на работењето на колективните постапувачи по старите, може да значи значителен финансиски товар за нас, но и за индустријата, пред се производителите на храна и пијалоци, кои преку колективните постапувачи ќе треба да ги платат неправедни и неоправдани финансиски мерки. На овој  начин, директно или индиректно ќе се казнат околу 1500 комапнии кои над 10 години ги почитуваат законите за управување со отпад.

 На пример, комапниите-производители кои пуштаат над 38% од вкупиот отпад од пакување на пазарот во земјава, не плаќаат и не финансираат ниту еден систем за селекција и рециклирање! Тие немаат трошоци за отпад, а со сегашниве стари закони ќе се казнат оние компании кои пуштаат 60% од отпадот и уредно плаќаат за селекција и рециклирање на истиот. Било каква казна кон овие компании почитувачи на законите, ќе биде лоша порака за владеење на правото и ќе значи ставање во подобра позиција на компаниите кои не ги почитуваат законите, немаат трошоци за управување со отпад и немаат казни за тоа! Бараме оценката на работењето на колективните постапувачи за 2020 година биде по полесните и основни критериуми во постојните закони или по критериумите дефинирани во новите закони кои се очекуваат.

Го поддржуваме до МЖСПП и Собранието под итно да ги донесат овие нови закони, како една од мерките за индиректна економска поддршка на индустријата! Постојните закони од пред 10тина години немаат предвидено проекции за 2021-2030, а тоа значи дека оваа 2021 година нема никаква обврзувачка регулатива за компаниите! Тоа може да влијае врз намалување на активностите за селекција и рециклирање на отпадот и запирање на позитивниот нагорен тренд во последниве 5 години!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП