24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕгзит е првиот голем фестивал што продава билети со биткоин

Егзит е првиот голем фестивал што продава билети со биткоин

Фестивалот „Егзит“ објави дека тоа ќе биде првиот голем фестивал во светот што ќе овозможи купување билети со биткоини, планетарно познатиот дигитален систем за плаќање.

„Оваа иновација во бизнисот ќе го направи прославувањето на 20-годишнината од фестивалот уште попосебно, кој ќе се одржи од 08 до 11 јули на Петроварадинската Тврдина, а ќе го одбележат големите светски имиња како David Guetta, DJ Snake, Tyga, Asaf Avidan, Eric Prydz во B2B сет со Four Tet, Boris Brejcha, Solomun, Sabaton и многу други“, се наведува во соопштението.

Со растот на блокчејн технологијата, дигитални валути и незаменливите токени (NFT), ЕГЗИТ препозна дека фестивалите треба да ги прилагодат и прифатат новите технологии, да ги задоволат потребите на нивната публика, со цел раст и развој во иднина.

„Потенцијалот на блокчејн, дигитална размена и валута е возбудлив и сакавме да се осигураме дека сме фестивалски лидери во овој сектор, дека користиме нови технологии и дека сме во состојба да бидеме во тек со нашата публика технолошки писмена публика и развој на технологијата”, вели директорот и основач на фестивалот ЕГЗИТ, Душан Ковачевиќ.

Имајќи предвид дека, како што велат, плаќањето со биткоини не е регулирано со законите на Република Србија, нема да може да се плаќа во барови и други продажни места во рамките на фестивалот, туку само преку Интернет купување ВИП билети преку Меѓународен партнер на „Егзит“, „Нетпозитив“.

„Процесот е едноставен: кога клиентите ќе изберат ставките кои што сакаат да ги купат во веб-продавницата, тие ќе ја видат понудената опција „Плати со биткоин“, исто како што постои и опцијата „Плати со картичка“. Потоа, тие ќе добијат QR-код за скенирање преку нивната апликација за биткоин, а откако ќе се изврши плаќањето и се потврди, клиентот ќе ги добие сите купени артикли. Самото плаќање функционира на тој начин што купувачите плаќаат со биткоин, а меѓународниот партнер на „Егзит“ „Нетпозитив“, кој ја реализира оваа можност, го плаќа фестивалот понатаму во класични валути, согласно законите на Република Србија“, велат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП