29 март, 2024
ПочетнаКОРОНАНаучниците тестираат уште една теорија: Дали вакцините против КОВИД-19 можат да влијаат...

Научниците тестираат уште една теорија: Дали вакцините против КОВИД-19 можат да влијаат врз менструалниот циклус на жената?

Вакцините се дизајнирани да го активираат имунитетот кај пациентите, а некои експерти се прашуваат дали вакцините можат привремено да го нарушат менструалниот циклус кај жените.

Досега, извештаите за нередовно крварење за време на менструацијата кај жени поради вакцината биле на ниво на анегдоти. Покрај тоа, многу е тешко да се направи врска со вакцините, бидејќи промените во менструалниот циклус исто така можат да бидат резултат на други фактори како што се стресот, диетата и навиките поврзани со вежбање. Исто така, постои недостаток на податоци за следење на промените во менструалниот циклус по вакцинацијата.

Ако научниците на крајот најдат врска помеѓу вакцините и краткорочните промени во крварењето за време на менструацијата, експертите велат дека тоа не би било причина да се избегне вакцинирање.

Придобивките од земање вакцина секако се многу поголеми од потребата да се издржи еден тежок период, ако навистина има некаква врска меѓу нив, вели д-р Мери Џејн Минкин, гинеколог и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот Јеил во САД .

Научниците неодамна започнаа студија за собирање податоци за гореспоменатиот потенцијален проблем. Иако резултатите од таа студија сама по себе нема да покаже дали има врска помеѓу вакцината против КОВИД-19 и менструалните промени, тоа сигурно ќе помогне како основа за понатамошно истражување кое може да даде одговор на тоа прашање, вели Кетрин Ли од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис и еден од научниците кои го спроведоа наведеното истражување.

Но, дека таа врска сè уште може да постои, верува во д-р Џен Гунтер, акушер и гинеколог од Сан Франциско. Таа вели дека е можна поврзаност помеѓу вакцината и нарушувањата во менструалниот циклус бидејќи обвивката на матката, која се испушта за време на менструацијата, содржи имуни клетки кои помагаат во заштитата на самата матка.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) и американскиот колеџ за акушери и гинеколози истакнуваат дека нема докази дека било какви вакцини, вклучувајќи ги и вакцините против КОВИД-19, влијаат на плодноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП