26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаштитете го мозокот од стареење со игри и ракотворби

Заштитете го мозокот од стареење со игри и ракотворби

Едноставните активности како играње карти, дружење и сурфање на интернет можат да го одложат падот на менталните капацитети по 70-тата година, вели заклучокот од една студија објавена во магазинот “JAMA Neurology”.

Студијата не се занимавала со скапите компјутерски игри кои на мозокот би можеле да му помогнат да ја задржи острината.

Наместо тоа, истражувањето било насочено кон активности до кои пристап имаат многу повозрасните лица: компјутер, изработка на ракотворби, друштвени игри, одење на кино и други видови на дружење.

Според резултатите на студијата, овие активности помагаат во спречувањето на благите когнитивни оштетувања на мозокот, кои вклучуваат проблеми со помнењето, размислувањето и вниманието.

Иако не влијае премногу на секојдневниот живот, тоа ги зголемува ризиците од Алцхајмерова болест и деменција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП