5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја задржа највисоката оценка

Германија ја задржа највисоката оценка

GERMANY-RATINGS-EFSF-DOWNGRADE_1373912456681103

Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја задржи највисока оценка од три пати А на долгорочниот кредитен рејтинг на Германија кој има стабилни изгледи, наведувајќи го добриот буџетски развој на земјата и силата на нејзината економија.

Зачувувањето на оценката на Германија се одразува на фактот дека Владата ќе ги “надмине клучните буџетски цели”, дека ги “има сите состојки за намалување на долгот”, дека ризиците поради должничката криза во еврозоната се намали и дека земјата располага со “економија со висока додадена вредност, дополнета со конкурентен производствен сектор “, соопшти „Fitch“.

Во 2012-та година Берлин успеал да постигне вишок, а долгот кој останува на високо ниво од 81.7 проценти од БДП во 2012-та година “, се задржува во рамките на оценката ААА”, прецизира агенцијата за рејтинг.

Колку до еврозоната и обврските на Германија во различните спасувачки планови за потресените земји, сепак ризиците се намалени благодарение на “неодамнешните мерки за зајакнување на управувањето, како и на програмата за откуп на државен долг од Европската централна банка (ЕЦБ), објави рејтинг агенција.

Но „Fitch“ смета дека кризата во еврозоната не е завршена и ќе бара продолжување на буџетските и структурното прилагодување на ниво на држави за поголем напредок кон банкарската унија и перцептивните заживување на економијата, додаде истиот извор. Покрај развојот на ситуацијата во еврозоната, оценката на Германија може да биде подложена на притисок, ако односот помеѓу долгот и БДП се зголеми до 90-100%, истакна „Fitch“, но додаде дека ваквата перспектива е „неверојатена“.

Агенцијата очекува Германија да постигне раст од 0,4 проценти во 2013-та година и 1,5 проценти во 2014-та година, доколку заживувањето на економијата на еврозоната се потврди.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП