25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШевченко: Сите пријатели ми умреа, но не од радијација, туку од дрога,...

Шевченко: Сите пријатели ми умреа, но не од радијација, туку од дрога, алкохол и оружје

Легендарниот украински фудбалер, Андриј Шевченко кој сега е селектор на својата земја денеска ја објави автобиографската книга „Мој живот, мој фудбал“.

Освен за фудбалот, Шевченко пишува и за некои делови од приватниот живот меѓу кои и за несреќата во Чернобил – 200 километри од неговата родна куќа.

„Се надевам дека никого нема да го изненадам ако кажам дека се ми се чинеше нормално. Имав 10 години, ме интересираше фудбалот и ме одведоа на академијата на Динамо во Киев. Но одеднаш пукна реакторот и не одведоа оттаму. Се уште чувствувам тежок бол. Автобусите од СССР тогаш стигнаа и ги однесоа децата меѓу 6 и 15 години. Се чувствував како да живеам во филм“, раскажува тој.

Шевченко зборува за неговите пријатели од детството кои немале среќа како и тој.

„Во моето село почнав да имам се помалку пријатели. Сите умреа. Не од зрачење, туку од алкохол, дрога и проблеми со оружје. Светот за кој знаевме се распадна, моите пријатели не веруваа во ништо и се изгубија. Љубовта на моите родители и фудбалот ми го спасија животот“, пишува меѓу другото Шевченко.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП