25 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЛековитата моќ на црвената рибизла: Овошје кое ќе ве поштеди од 10...

Лековитата моќ на црвената рибизла: Овошје кое ќе ве поштеди од 10 видови лекови!

Денес рибизлите се добро познати по своите прехрамбени и лековити својства, коишто не би требало да се занемарат.

Со оглед на фактот дека нивната секојдневна консумација спречува повеќе од 10 здравствени проблеми, со самото тоа ќе се спречи и потребата за исто толку видови на лекови.

Црвената рибизла содржи протеини, јаболкова, цитрична и тартарична киселина и гама-линоленска киселина. Богата е со калциум и фосфор. Изобилува со витамини од групата Б (Б1, Б2, Б3 и Б6), Ц, А и К, и е одличен извор на антиоксиданси и минерали коишто го подобруваат квалитетот на кожата и косата.

Рибизлата помага и во детоксикација на телото и така ја зголемува отпорноста на организмот на болести. Содржи витамин Ц како и железо кое помага кај анемија. Витаминот Ц има и антихистамински својства кои го намалуваат делувањето на алергените, штити од бактерии и вируси и ги олеснува тегобите од астма.

Рибизлата содржи и калиум којшто е важен за здравјето на срцето и за квалитетна работа на целиот организам. Делува превентивно на хипертензијата, го намалува крвниот притисок и помага при намалување на ризикот од мозочен удар. Има значајно количество на витамин К којшто ефикасно делува против згрутчување на крвта. Тој витамин е задолжен и за одржување на здрави коски бидејќи го регулира калциумот во коските, па е препорачлив и кај остеопороза.

Без разлика дали се консумираат свежи бобинки или во облик на сок и желе, рибизлата има одлично лаксативно дејство. Ако се консумира само неколку дена по ред, проблемот со запекот исчезнува. Со оглед на содржината на влакна, редовната консумација ја поттикнува работата на цревата и желудникот и на природен начин го поттикнува варењето.

Благото делување чини рибизлата да биде погодна и за личности коишто боледуваат од синдром на иритабилни црева. Се користи и како тоник за апетит, па ако се јаде пред оброкот, помага за подобро варење.

Црвената рибизла е познат диуретик бидејќи ја поттикнува елиминацијата на мокрачната киселина, што е важно за заболените од гихт или ревматски болести.

Семињата во внатрешноста на плодовите на рибизлата содржат гама-линоленска киселина којашто го намалува зголемениот крвен притисок, болките и воспаленијата, ги ублажува алергиските реакции и проблемите со кожата.

Семињата ги ублажуваат и предменструалните болки, алергиите, но и напнатоста и стресот, а помагаат и кај псоријаза и егзема. Изгмечени бобинки може да се користат и како облоги кај повреди, исекотини и изгореници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП