Намирницата за која пишуваме денес и која е многу корисна всушност е ф`стакот. Покрај тоа што го намалува нивото на холестерол, овој јаткаст плод е одличен извор на растителни влакна, белковини, а поседува и различни витамини и минерали. Воедно, служи и како антиоксидант.
Со оглед на тоа дека ф`стаците се богати со калциум и железо, добри се за здравјето на коските и забите, а исто така помагаат и во борбата против анемијата која е предизвикана од недостатокот на железо.

