3 јули, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗнаци кои можат да укажуваат на премногу токсини во организмот

Знаци кои можат да укажуваат на премногу токсини во организмот

Ако често сте без енергија, ако храната која ја јадете ве прави тромави, а кафето не ве разбудува… или едноставно, ако не се чувствувате добро, сосема е можно во организмот да имате премногу токсини.

Овие симптоми ви укажуваат на тоа дека во организмот имате премногу токсини:

Замор

Колку и да сте се наспале и одмориле, се чувствате како да не можете да ги обавите сите задачи кои ве чекаат. Тоа може да биде знак дека вашиот организам ви ја црпи енергијата за да ги исфрли вишокот токсини.

Запек

Во цревата секојдневно стигнуваат токсини од храната. Кога варењето не е редовно, токсините обично остануваат во дигестивниот тракт, што негативно влијае на целиот организам.

Чувствителност на мириси

Ако ви пречат сите интезивни мириси, дури и оние на кои веќе сте навикале и ако притоа чувствувате главоболка, речиси сигурно е дека вашиот организам е преполн со токсини.

Лош здив

Лошиот здив може да настане и поради бактерии во устата, но е исто така знак дека вашите црева или црниот дроб имаат проблем со елиминацијата на токсини од организмот.

Како да ги исфрлите токсините од организмот?

– Пијте многу вода која ќе помогне во нивното исфрлување. Во дневната рутина воведете и чај од глуварче, магдонос и коријандер.

– Вежбајте секојдневно барем 30 минути, а ако сте во можност, посетете и сауна.

– Во текот на миењето заби, не ја заборавајте и хигиената на јазикот.

– Внимавајте на исхраната, намалете ја количината на сувомеснати производи и шеќер и јадете повеќе овошје и зеленчук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП