26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕМали промени кои водат до подобро здравје

Мали промени кои водат до подобро здравје

Чувствувајте се добро од утро до мрак со правилен избор на намирници, редовни медицински прегледи и правилна хигиена.

Не е потрбно да ги промените сите животни навики за да живеете долго и да бидете здрави. Само мали промени можат да спречат развој на многу болести. Чувствувајте се добро од утро до мрак со правилен избор на намирници, редовни медицински прегледи и правилна хигиена.

Здрави од утрото

Наутро подгответе си кафе или чај без шеќер и тоа ќе биде одличен почеток. Денес е тешко да го ибегнете шеќерот бидејќи се наоѓа во речиси сите производи, но доколку сами си ги подготвувате вашите оброци лесно ќе ја избегнете таа замка. Наместо житарици, доручкувајте јајца или зеленчук и намирници богати со антиоксиданси, како боровница, брусница, малина, капина. Ваквиот појадок обезбедува заштита од штетното влијание на слободните радикали.

Хигиената е половина здравје

После доручекот не заборавајте ја оралната хигиена. Изберете ја идеалната четкичка и мијте ги редовно забите. Без разлика дали четката е класична или електрична, менувајте ја на секои три месеци и иако не изгледа истрошена. Хигиената на устата ве штити од забни наслаги и од другите појави кои водат до кариес. Четкичката чувајте ја суво и на чисто место, не ја ставајте во пластично кутивче со цел да не задржува влага.

Црн чај

Црниот чај нека стане дел од вашата дневна рутина. Научните истражувања спроведени во Сингапур сугерираат дека пиењето црн чај значително го намалува ризикот од Паркинсонова болест, и тоа за 71%. Се повеќе истражувања покажуваат дека дневното конзумирање на три или повеќе шољи црн чај го намалуваат ризикот од болести на срцето. Што се однесува на карциномот, остеопорозата и кариесот, постојат знаци дека тој исклучително делува во борбата против нив. Тој исто така му помага на вашето кардиоваскуларно здравје, го зајакнува имунитетот и концентрацијата. Конзумирајте го без шеќер и млеко.

Здрав оброк

Црвеното е здраво. Јадете пиперка, домат, чили. Доматот содржи најмногу ликопен, а истражувањата покажуваат дека токму тој е најсилен антиоксиданс од групата на каротеноиди. Ликопенот има единствена способност за уништување на слободните радикали кои можат да ги оштетат клетките.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП