24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСемки кои живот значат

Семки кои живот значат

Семките се доказ дека добрите работи доаѓаат во мало пакување. Важноста на семките за здравјето е одамна позната. Нутриционистите во светот советуваат тие да бидат задолжителен дел од исхраната. Ви откриваме четири видови на семиња кои задолжително треба да ги вклучите во исхраната.

Ленено семе – Нискокалоричното ленено семе е богато со протеини, влакна, алфа линоленска киселина и омега 3 масни киселини. Тие се борат против слободните радикали, го подобруваат варењето и кардиоваскуларното здравје.

Семки од тиква – Одличен извор на витамин Е, цинк и манган. Семките од тиква содржат ретки антиоксиданси. Една лажица семки од тиква содржи 4,7 мг здрави масти (мононезаситени масти кои го намалуваат лошиот и зголемуваат добриот холестерол). Семките од тиква го зајакнуваат имунитетот и го регулираат нивото на инсулин.

Сусам – Богат е со калциум, магнезиум и бакар. Го зголемува нивото на витамин Е во телото, го подобрува здравјето на срцето и го зајакнува имунитетот. Истражувањата покажаа дека сусамот може да го намали ризикот од мултиплекс склероза.

Семки од сончоглед – Содржат добри масти, односно мононезаситени и полинезаситени масти. Богати се со витаминот Е, и се добри за коските бидејќи се добар извор на калциум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП