25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на пандемијата ќе чини 10.000 милијарди долари

Цената на пандемијата ќе чини 10.000 милијарди долари

Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД) проценува дека сегашната пандемија на вирусот корона ќе предизвика штета на глобалната економија од околу 10.000 милијарди долари, што е приближно двојно поголема од вредноста на јапонскиот БДП.

Се проценува дека растот на светската економија оваа година ќе биде поголем од очекуваниот, околу 4,7 проценти, пред се поради очекуваното посилно закрепнување на Соединетите држави.

Светската економија лани забележа пад на активноста од 3,9 проценти, најголем пад од првата половина на 40-тите години на минатиот век, од кога се водат статистичките податоци за вкупната економска активност, наведува УНКТАД.

Исто така е посочена и проценката на Меѓународната организација на трудот , според која пандемијата донесе загуба на 255 милиони работни места со полно работно време.

Големите економии издвоија огромни фискални стимулации за да ги намалат штетите од пандемијата, посочува УНКТАД, а особено американскиот план за помош вреден 1.900 милијарди долари, но и заздравувањето на кинеската економија во втората половина на минатата година.

Исто така, се нагласува дека пандемијата најмногу ги погоди земјите во развој поради ограничениот фискален простор, зголемените ограничувања на платниот биланс и несоодветната меѓународна поддршка.

УНКТАД проценува дека економијата на САД годинава ќе порасне за 4,5%, додека ЕУ и другите европски земји, вклучително и еврозоната, може да постигнат раст од 4%.

Најсилен раст се предвидува за Франција од 5,3 проценти, додека германската економија треба да забележи раст од 3,3 проценти.

Европските земји забележаа најголем пад на активноста во групата развиени земји минатата година, посочува УНКТАД.

Исто така, се забележува дека на почетокот на 2021 година, ЕУ не покажува знаци на солидно закрепнување и може да забележи уште еден квартал со негативна стапка на раст, а изгледите за остатокот од годината значително зависат од фискалните одговори на кризата и програмите за вакцинација. УНКТАД забележува дека фискалниот одговор на ЕУ, кој е фокусиран на повеќегодишна финансиска рамка, не обезбеди поддршка за инвестиции и побарувачка. Посочено е дека пакетот мерки за трошење „Next Generation EU“ го поврзува закрепнувањето со нееднаквиот капацитет на земјите-членки за потрошувачка и задолжување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП