29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложен долго очекуваниот извештај за потеклото на коронавирусот

Одложен долго очекуваниот извештај за потеклото на коронавирусот

Светската Здравствена Организација (СЗО) соопшти дека долго очекуваниот извештај на нејзините експерти кои го истражувале потеклото на коронавирусот во Кина сè уште не е готов и дека „веројатно“ ќе биде објавен следната недела.

Портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер, на прес-конференција во Женева изјави дека извештајот „едноставно не е подготвен“ и дека членовите на тимот што работеле со кинески официјални лица на нацртот „сакаат да го сторат тоа правилно“.

Линдмајер рече дека, според она што го слушнал од членовите на стручниот тим, очекува извештајот да биде објавен следната недела.

СЗО претходно планираше прво да објави резиме на извештајот, а подоцна и подолга, подетална верзија. Во меѓувреме, таа идеја беше напуштена и беше одлучено да се објави еден документ.

Питер Бен Ембарек, шеф на истражувачката мисија на СЗО, на почетокот на овој месец објави дека извештајот ќе биде објавен на 15 март.

Сите информации за коронавирусот може да се најдат во посебната рубрика која е дел од нашиот портал – COVID-19 ИНФО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП