19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМодерна тестира „модернизирана“ вакцина за корона

Модерна тестира „модернизирана“ вакцина за корона

Фармацевтската компанија Модерна објави дека ги вакцинирала првите пациенти во раната фаза на студијата за подобрена верзија на вакцината за КОВИД-19.

Компанијата соопшти дека нивната нова вакцина, mRNA-1283, може да се чува во фрижидери наместо во замрзнувачи, што ќе ја олесни дистрибуцијата, особено во земјите во развој, пишува Ројтерс.

„Студијата во рана фаза ќе ја процени безбедноста и имуногеноста на mRNA-1283 во три дози, а на здрави возрасни луѓе ќе им се дава или во единечна доза или во две дози во интервали од 28 дена“, се вели во извештајот.

Минатата недела, Модерна започна со тестирање на кандидати со подобрената верзија на својата вакцина.

На почетокот на јануари, Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината против коронавирус од компанијата Модерна, а пред тоа вакцината од овој производител беше одобрена од САД и Канада.

Сите информации за коронавирусот може да се најдат во посебната рубрика која е дел од нашиот портал – COVID-19 ИНФО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП