29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИсхрана при хипертензија

Исхрана при хипертензија

На нормализирање на крвниот притисок во добра мера влијае и начинот на исхрана…

Освен лековите, на нормализирањето на крвниот притисок во добра мера влијае и начинот на исхрана. Експертите препорачуваат кои намирници во исхранaта треба да се најдат зависно од тоа имате висок или низок крвен притисок..

Хипертензијата бара ограничување на употребата на сол на еден до два грама дневно. Тоа значи дека од исхраната треба да се исфрлат преработките од суво месо, шунките и останатите преработки конзервирани со сол. Зачините исто така треба да се намалат, а задолжително треба да се ограничи или исфрли и алкохолот. Неопходно е да се консумира никокалорична храна со што помалку масти и шеќер. Оброците треба да се помали и почести, што побогати со зеленчук и овошје. Пожелно е и умерено занимавање со физичка активност, како што е прошетката или лесните вежби – пливање, возење велосипед…

Хипотензијата, спротивно на високиот крвен притисок, бара редовна употреба на солени раствори, во вид на инстант супи и солени јадења. Задолжително е и внесувањето на поголеми количини течности преку сокови, вода и чаеви. Треба да се избегнуваат нагли движења, како што е наглото станување од кревет или од столица, но и работата на високи температури. Треба да се избегнува и силното сонце и затворните простории со недостатокот на свеж воздух.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП