11 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНа овие пет начини телото ви сигнализира дека ви недостасува еден важен...

На овие пет начини телото ви сигнализира дека ви недостасува еден важен минерал

Калиумот е трет по ред според застапеноста минерал во човековото тело и е неопходен за правилно функционирање на мускулите. Тој помага во исфрлувањето на отпадот и транспортот на хранливи материи до клетките. Како да знаете дека тој баш на вас ви недостасува? Ова се симптомите.

Лоша работа на срцето

Недостатокот на калиум директно влијае на срцето бидејќи добриот крвен притисок зависи од него. Лицата на кои им недостасува овој минерал обично страдаат од прескокнување или неизедначена работа на срцето.

Постојана жед

Ако сте жедни дури и кога пиете големи количества на вода, а покрај тоа имате и потешкотии при мокрењето, веројатно ви недостасува калиум. Поради тоа страдаат бубрезите, кои тешко го исфрлаат отпадот преку мокрачата.

Постојано сте уморни

Ова е најчестиот симптом од недостаток на калиум, бидејќи е многу важен извор на енергија.

Проблеми со концентрацијата

Недостатокот на калиум влијае и на невролошката активност, што значи дека лицата кои не го внесуваат во доволни количини страдаат од потешкотии со концентрацијата, постојано се збунети и како да имаат замагленост во главата.

Постојани грчеви

Бидејќи дигестивниот тракт е поврзан со невроните, слабиот внес на калиум го ослабува системот за варење. Со самото тоа, ниту цревата не работат како што треба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП