26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗW12 – адутот на Мерцедес за 2021 година

W12 – адутот на Мерцедес за 2021 година

Мерцедес го откри изгледот на болидот, со кој најсилниот адут на тимот, Луис Хамилтон, ќе се обиде да ја освои рекордната осма шампионска титула. Новиот болид ја носи ознаката W12. Мерцедес и оваа сеозона ја задржаа црната боја на своите болиди.

Мерцедес е незапирлив во хибридната ера, освои седум двојни круни. Шест титули освои Луис Хамилтон, една Нико Розберг.

Покрај Луис Хамилтон, боите на Мерцедес и оваа сезона ќе ги брани Финецот Валтери Ботас.

Минатата сезона Хамилтон и Ботас победија на 13 од 17 трки.

Наредните денови новиот „мерцедес“ првпат ќе се појави на патеките, а официјално ќе дебитира на претсезонските тестирања од 12 до 14 март во Бахреин.

Во Бахреин на 28 март ќе почне новата сезона на Формула 1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП