понеделник, април 12, 2021
21 °c
Skopje
12 ° пон
9 ° вто
7 ° сре
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 14,808.37 0.05%    BESK 5,000.00 2.02%    BGOR 146.00 -0.68%    KMB 8,281.04 2.17%    KVAS 13,000.00 0%    MPT 72,000.00 -0.07%    PPIV 34,600.00 0.29%    REPL 105,761.29 6.36%    RMDEN19 99.80 -0.01%    RZLE 5.00 -37.5%    STB 1,150.00 -0.02%    STIL 66.13 0.2%    TETE 1,990.00 2.37%    TKVS 5,001.00 -1.94%    TTK 1,415.00 0%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Летово роаминг исто како дома!

февруари 26, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА, ТОП ВЕСТИ
285
A A
0
Летово роаминг исто како дома!
958
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Од јули годинава роаминг услугите  ќе се тарифираат по цени како да сме дома. Оваа поволност е договор помеѓу земјите од Западен Балкан. Спогодбата за намалување на цените на роаминг услугите ќе важи за телефонските разговори, СМС пораките и користењето на Интернет. Првичниот договорот беше потпишан на четврти април 2019 година помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина.

Кон крајот на јуни 2019 година Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи. Тоа значеше дека со таквата Одлука се предвидува значително намалување на малопродажните и големопродажните цени на роаминг за корисниците на електронските комуникациски услуги во роаминг кои патуваат во петте земји на Западен Балкан. Од АЕК за Денар потврдуваат дека од јули годинава трошоците за користење на роаминг услугите во регионот ќе чинат како да сме во Македонија.

„Започнувајќи од 01/07/2019 па се 30/06/2021 кога цените за роаминг услугите ќе исчезнат, се воведе преоден или транзициски период во кој операторите за роаминг услугите ќе може да наплаќаат само одреден дополнителен надоместок на националните електронски комуникациски малопродажни цени. Со Одлуката од 21/09/2020 што ја донесе Директорот на АЕК, започнувајќи од 01/07/2021 се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг услугите од Македонија започнувајќи од 01/07/2021 нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на оваа спогодба, без разлика дали станува случај за користење на Интернет, говор или СМС“, вели директорот на  АЕК, Јетон Акику.

Информациите од АЕК велат дека влезниот повик ќе се третира исто како и влезниот повик на домашниот пазар, односно без дополнителен надоместок за корисникот. Според АЕК користењето на роаминг услуги под вакви поволности е регулирано под одредени политики за фер и одржливост, кои што се пропишани од страна на регулаторот во посебен правилник. А ваквата пракса е по примерот на регулативата од Европската Унија, со цел да се отстранат можностите за злоупотреба, како и да се задржи одржливоста во финансиското работење на телекомуникаџциските оператори. Ваквите поволности за граѓаните придонесоа до намалување на цените за роаминг услугите во просек од 83 до 99 отсто и тоа уште во првата година од неговото имплементирање, во споредба со претходните цени на малопродажните роаминг услуги во земјите од Западен Балкан.

Од АЕК велат дека нема никакви дополнителни услови кои треба да се исполнат од страна на државите за овој договор да почне на лето да се реализира. Целата потребна регулатива е веќе донесена од страна на АЕК и целосно се спроведува, потврдија од регулаторот на телекомуникацискиот пазар во земјава. Инаку, само за споредба во моментов па се до 30.06.2021 година цените кои граѓаните на Македонија ги плаќаат за разговори во државите од Западен Балкан изнесуваат, за повик кон Македонија 3,64 денари, и дојдовен повик 1,82 денари.

„Намалувањето на цените на услугите во роаминг секако дека значи чекор поблиску и до намалување на цените на роамингот со ЕУ. На граѓаните од државите на Западен Балкан значително им се намалуваат бариерите во меѓусебната комуникација, се зголемува потенцијалот за водење бизнис, размена на искуства во целокупниот домен на општеството: образование, наука, здравство, култура“, додаваат од АЕК.

Секако, ваквите поволности нема да важат за земјите членки на Европската унија, а кои се дел од нашето опкружување. Кај државите од Унијата постојат други правила. За да се постигне тоа, првично е потребно Македонија да потпише Спогодба за намалување на цените во роаминг и со ЕУ, по примерот по кој државите од Западен Балкан се договорија за намалување на цените, за што токму и Европската Унија даде значајна поддршка. Информациите велат дека земјава е подготвена да потпише таква спогодба со Европската Унија и веднаш да започне со имплементација доколку се укаже таква можност.

За поволноста која ја очекува регионот се огласи и генералниот секретар на Советот за регионална соработка Мајлинда Брегу, која го истакна оптимизмот дека по завршувањето на пандемијата граѓаните од државите во регионот повторно ќе ги почуствуваат придобивките од меѓусебната соработка. Таа е задоволна што е склучен договор со кој се елиминираа високите трошоци за роаминг кои беа дури четири пати повисоки во однос на тоа што го плаќаат граѓаните на државите членки на Европската унија. Според неа, потпишувањето на овој договор за намалување на цените на роамингот на Западен Балкан е историско достигнување и еден од главните резултати на Дигиталната агенда на Западен Балкан.

„Нашиот следен чекор е да ги намалиме цените на роамингот помеѓу Западен Балкан и Европската унија, што ќе бара целосна посветеност на сите вклучени актери, особено телеком операторите, како и подеднакво важна техничка поддршка од Европската комисија, Генералниот директорат за комуникациски мрежи, содржина и технологија и Генералниот директорат за соседски преговори и преговори за проширување и највисоките претставници од регионот“, вели Мајлинда Брегу.

Западен Балкан без роаминг и намалувањето на цените на роамингот со Европската унија се дел од програмата на заедничкиот регионален пазар, на кој лидерите на Западен Балкан се обврзаа на самитот во Софија во ноември 2020 година.

И.П

Тагови: балканинтернетмакедонијароаминг
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Гејтс: Aко имате помалку пари од Илон Маск, треба да бидете внимателни со биткоинот

Следна Објава

Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

И натаму високи бројки позитивни на КОВИД-19, апел да се почитуваат сите мерки за заштита
СВЕТ

Страшни бројки: Еве колку луѓе починаа од инфекција со коронавирус во светот и која земја го држи првото место

април 12, 2021
74

Во споредба по континенти, од почетокот на пандемијата има скоро милион смртни случаи во Европа. Во светски рамки, од коронавирус...

Прочитај повеќе
Коронавирусот ќе може да се открие преку мобилен телефон, еве колку ќе чини апликацијата
ТЕХНОЛОГИЈА

Коронавирусот ќе може да се открие преку мобилен телефон, еве колку ќе чини апликацијата

април 12, 2021
57

Апликацијата првично е наменета за компании и комерцијални корисници. Компанијата Semic RF со седиште во Минхен се надева дека ќе...

Прочитај повеќе
Борисов: Цената на вакцината на „Фајзер“ скокна од 12 на 19,5 евра
ЕКОНОМИЈА

Борисов: Цената на вакцината на „Фајзер“ скокна од 12 на 19,5 евра

април 12, 2021
27

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во неделата откри дека цената на вакцината на „Фајзер“/ „Бионтек“ против коронавирус скокнала од 12 на...

Прочитај повеќе
Во Србија пристигнаа 106.000 нови вакцини на „Фајзер“
ЕКОНОМИЈА

Во Србија пристигнаа 106.000 нови вакцини на „Фајзер“

април 12, 2021
23

Министерството за здравство соопшти дека денес во Србија пристигнала редовната достава на вакцините на „Фајзер-Бионтек“. Во Србија пристигнале 106.470 дози...

Прочитај повеќе
World Beer Index 2021: Која е цената на пивото во нашата земја и колку се пие во просек годишно?(ИНФОГРАФИК)
ЕКОНОМИЈА

World Beer Index 2021: Која е цената на пивото во нашата земја и колку се пие во просек годишно?(ИНФОГРАФИК)

април 12, 2021
60

Иако помалку луѓе беа во можност да земат пиво во паб за време на пандемијава, сепак преовладува глобалната желба за...

Прочитај повеќе
Хрватскиот Rimac Automobili ќе гради кампус вреден 200 милиони евра(ВИДЕО)
КОМПАНИИ

Хрватскиот Rimac Automobili ќе гради кампус вреден 200 милиони евра(ВИДЕО)

април 12, 2021
100

Хрватскиот производител на електрични хиперавтомобил Rimac Automobili во понеделникот претстави проект вреден 200 милиони евра кој вклучува тест патека, сместувачки...

Прочитај повеќе
Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста
ЕКОНОМИЈА

Од ноќеска на полноќ бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

април 12, 2021
344

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Прочитај повеќе
Ќе се ограничат цените за лекување на пациенти со коронавирус во приватните болници
ЕКОНОМИЈА

Ќе се ограничат цените за лекување на пациенти со коронавирус во приватните болници

април 12, 2021
36

До Владата ќе биде поднесен предлог за измена на законот со кој ќе се ограничи сумата за лекување на пациенти...

Прочитај повеќе
Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава
ЕКОНОМИЈА

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава

април 12, 2021
81

Две илјади кинески вакцини денеска ќе пристигнат во земјава, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека вакцините, кои...

Прочитај повеќе
Состанок со Бјерде од Светската банка: Сите податоци упатуваат дека банкарскиот систем е стабилен – тоа е клучно за севкупната македонска економија
ЕКОНОМИЈА

Состанок со Бјерде од Светската банка: Сите податоци упатуваат дека банкарскиот систем е стабилен – тоа е клучно за севкупната македонска економија

април 12, 2021
13

Претпазливото управување со ризиците и соодветната регулативна рамка, усогласена со најдобрите меѓународни стандарди, му овозможија на банкарскиот сектор да ја...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И натаму високи бројки позитивни на КОВИД-19, апел да се почитуваат сите мерки за заштита

Страшни бројки: Еве колку луѓе починаа од инфекција со коронавирус во светот и која земја го држи првото место

април 12, 2021
Коронавирусот ќе може да се открие преку мобилен телефон, еве колку ќе чини апликацијата

Коронавирусот ќе може да се открие преку мобилен телефон, еве колку ќе чини апликацијата

април 12, 2021
Борисов: Цената на вакцината на „Фајзер“ скокна од 12 на 19,5 евра

Борисов: Цената на вакцината на „Фајзер“ скокна од 12 на 19,5 евра

април 12, 2021
Во Србија пристигнаа 106.000 нови вакцини на „Фајзер“

Во Србија пристигнаа 106.000 нови вакцини на „Фајзер“

април 12, 2021
World Beer Index 2021: Која е цената на пивото во нашата земја и колку се пие во просек годишно?(ИНФОГРАФИК)

World Beer Index 2021: Која е цената на пивото во нашата земја и колку се пие во просек годишно?(ИНФОГРАФИК)

април 12, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Во пензија дури на 70 години, Владата вели дека се способни да работат и подолго

    Во пензија дури на 70 години, Владата вели дека се способни да работат и подолго

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Пост КОВИД синдромите стануваат се посериозен здравствен проблем, доктор предупредува какви последици можат да имаат пациентите до крајот на животот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Големо откритие на научниците: Јужноафриканскиот вид на коронавирус може да зарази вакцинирани со вакцината на Фајзер – „Ова може да не врати на почетокот“

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Италијанците контра Роналдо откако го фрли дресот на Јувентус

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Симптоми кои не смеете да ги игнорирате

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 12.04.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 12.04.2021

април 12, 2021
752
Неделен хороскоп 12.04.2021 до 18.04.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 12.04.2021 до 18.04.2021

април 12, 2021
624

КВИЗОВИ

Квиз: Дали ги препознавате балканските градови на фотографиите?
КВИЗ

Квиз: Дали ги препознавате балканските градови на фотографиите?

април 4, 2021
1.6k

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај
Следна Објава
Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

Родените на овој датум среќата ги прати во чекор, а животот им ги сервира само најдобрите задоволства

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Welcome Back!

Sign In with Facebook
Sign In with Google
OR

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In