27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: По 30 дена во ЕУ пад на рејтингот

Хрватска: По 30 дена во ЕУ пад на рејтингот

hrvatska1

Американската агенција за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s“ ја намали прогнозата на кредитниот рејтинг на Хрватска од „стабилен“ на „негативен“.

„S&P“, сепак, притоа го задржа важечкиот рејтинг за долгорочно и краткорочно задолжување во странски и домашни валути на „BB+/B“.

Како што наведува „S&P“, кредитниот рејтинг на Хрватска идната година би можел да биде загрозен, доколку продолжи слабеењето на економијата, се зголеми фискалниот дефицит, а надворешното задолжување стане поголем предизвик, пренесува весникот „Economic Times“.

„Според нашето мислење, економската корист на Хрватска од неодамнешниот влез во ЕУ ќе биде ограничена со структурни предизвици, политички ограничувања на фискалните реформи и неповолни надворешни опкружувања“, наведено е во соопштението на „S&P“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП