28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУреа, ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба...

Уреа, ефикасна состојка која се грижи за нега на сувата и груба кожа!

Честата изложеност на ниските температури и студениот воздух значително го забрзуваат процесот на стареење на најголемиот орган на нашето тело – кожата. Првата промена за која главен виновник е студеното време е сушење на кожата, како резултат на намалена работа на потните и лојните жлезди. Дополнително, често пати се јавува и лупење и црвенило на кожата. Покрај тоа што влијае директно врз кожата, влијае и врз крвните садови на кожата, при што доаѓа до пукање на површинските капилари на кожата, особено на лицето, каде што се појавуваат црвени ситни точки.

Први на удар се деловите што се директно изложени на надворешно влијание, како што се лицето и периферните делови на телото, нозете, стапалата и рацете. Тие имааат потреба од интензивна нега со дерматолошки тестирани производи кои содржат уреа и одговараат на кожата. Затоа линијата на Еуцерин за нега на сува и груба кожа сега е збогатена со 2 нови производи, кои покрај тоа што овозможуваат длабинска хидратација, имаат и смирувачки мирис. Новите производи помагаат кожата да ја добие потребната нега, но и убаво да мириса. Станува збор за EUCERIN BODY 5% UreaRepair PLUS Парфимирана пена за туширање и Eucerin® 5% UreaRepair PLUS Парфимиран лосион за тело.

Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори на кожата. Заради намалената функција на лојните жлезди кај сувата кожа, во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Освен претходно наведените активни состојки, во лосионите за нега на кожата на телото има и глуко-глицерол, супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

Линијата на производи Eucerin® UreaRepair PLUS содржи повеќе производи со различна концентрација на уреа. Целта е да се задоволат индивидуалните потреби на сувата кожа за замастување, хидратација, отстранување на изумрените површински клетки и смирување на интензивниот јадеж. Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, возрасна сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и слично и да уживаме во својата кожа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП