24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБилка со повеќе витамин Ц од пиперката, лимонот и портокалот

Билка со повеќе витамин Ц од пиперката, лимонот и портокалот

Есен е време кога се берат на шипките. Овие шумски плодови содржат повеќе витамин Ц од лимонот, пиперката и портокалот заедно, а одлични се и за подготвување на чај, мармалад, пекмез, сируп, ликер и слични производи.

Црвените плодови кои главно растат во големи грмушки на рабовите од шумите, освен витаминот Ц, богати се и со витамините П, Б12, Б2, Б1, К, А, како и каротен, кој ја поттикнува природната отпорност на организмот.

Шипката е одлична за лекување на разни заболувања. Со редовната употреба на чај од шипки ќе му ја обезбедите оптималната количина на витамин Ц на организмот која ќе ги спречи зимските настинки и инфекции.

Овој лековит напиток е најефикасен и најевтин начин во текот на зимата организмот да го направите поотпорен на настинки со внесувањето на аскорбинската киселина. Шипката можете да ја користите и при намалување на зголемена температура и лекување на грип.

Мармаладот и пекмезот од шипки се најбараните производи од шипка. Сепак, нивната подготовка прилично е тешка бидејќи шипката во внатрешноста е полна со семки и бодликави влакненца.

Меѓутоа, многумина велат дека вреди трудот. Постојат бројни рецепти за подготовка на посластици од шипка, а секоја вклучува пасирање на плодовите неколку пати за во целост да се ослободите од семките и влакненцата.

Плодовите од шипка можат да помогнат и во намалувањето на крвниот притисок. Благодарение на високата содржина на влакна, шипката го регулира и варењето, а пектинот се поврзува за отпадните материи во цревата. Бидејќи во тие материи се вбројуваат и мастите, тоа директно влијае и на нивото на холестерол.

Според истражувањата на лекарите, пуникалагините од шипката, кои се главен извор на антиоксидативно делување, го подобруваат здравјето на срцето и крвните жили. За зголемување на имунитетот и превенција од здравствените пореметувања експертите препорачуваат консумирање на 2,5 децилитри свежо исцеден или квалитетен органски купечки сок од шипки секој ден.

Сокот од шипки е еден од најздравите напитоци бидејќи има силно антиоксидативно дејство, посилно дури и од црвеното вино и зелениот чај.

Црвените плодови можат да се најдат во шумите веќе во октомври, а најдобро е да ги берете по првиот мраз кога ќе омекнат. Секогаш треба да избирате крупни и здрави плодови кои морате добро да ги исушите по бербата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП