28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема сигнали за обновување на воздушниот транспорт (ИНФОГРАФИК)

Нема сигнали за обновување на воздушниот транспорт (ИНФОГРАФИК)

Враќањето на воздушниот транспорт ќе биде долг процес, според новата статистика на Евростат. Нема индикации дека секторот започнал да излегува од кризата во последните месеци. Во текот на летните месеци, кога летовите се полека почнаа да се враќаат, има минимална стимулација во споредба со пролетта.

Во април 2020-та година, трговските летови (патнички, товарни и поштенски) пропаднаа за нешто повеќе од 92 проценти на годишно ниво. Во август, падот беше ограничен на 53,4% во споредба со претходниот август.

Поради вториот бран на коронавирусот наесен, земјите од ЕУ повторно ги заострија мерките против ширењето на болеста и тоа се рефлектира во континуиран пад на авионскиот сообраќај.

Тековната криза во секторот е забележана и во податоците за летовите од најголемите аеродроми во Европа. Влијанието во Германија е многу очигледно.

Аеродромот во Минхен, на пример, објави пад на летовите за 85% (25.400), а во Дизелдорф за 84% (12.800). Еден од најголемите аеродроми во Европа – во Франкфурт, падот е 64 проценти (23.100).

Оваа есен и зима, некои од најпогодените земји од коронавирусот во Европа се Шпанија и Франција. Ширењето на вирусот и рестриктивните мерки доведоа до пад на услужните летови за 70% (22.900) на аеродромот Барахас во Мадрид и за 63% (23.500) на Шарл де Гол во Париз.

Најслабиот воздушен сообраќај во последните 25 години

Аеродромските оператори во Европа побараа поголема финансиска поддршка за надминување на кризата со коронавирусот по 2020-та година, поради падот на авиосообраќајот на најниско ниво во последните 25 години.

Бројот на патници се намали за 70% на само 728 милиони минатата година, најслаб од 1995-та година, според извештајот на аеродромската асоцијација „ACI Europe“. Во него се наведува дека некои влади понудиле поддршка, но може да покрие помалку од 8% од изгубените приходи.

Новите соеви на вируси и зголемувањето на бројот на заразени ги расипаа надежите за рано закрепнување на воздушниот транспорт, а постепеното ширење на вакцините низ континентот се очекува да овозможи само делумно закрепнување во оваа година.

Германија планира пакет помош од 900 милиони евра за аеродромите во земјата, според документот од Министерството за транспорт. Ова е дополнителна програма за спас од повеќе милијарди евра, досега обезбедена за целиот сектор во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП