3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонституиран новиот Совет на АВМУ

Конституиран новиот Совет на АВМУ

Членовите на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски, именувани од страна на Собранието на Република Северна Македонија на 24 јуни 2025 година, денеска одржаа конститутивна седница. На седницата, согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Деловникот за работа на Агенцијата беа избрани претседател и заменик претседател. За претседател е избран Сашо Стефановски, додека за заменик претседателка е избрана Зириета Хајро Јајага.

Во Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги освен Сашо Стефановски и Зириета Хајро Јајага, членуваат и Афрона Верзиволи, Виктор Павловски, Гордана Мајнова, Петар Џуровски и Цветанка Миновска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар