3 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПричини поради кои би требало секогаш да спиете на левата страна

Причини поради кои би требало секогаш да спиете на левата страна

Ајурведа, традиционалната индиска медицина, вели дека оние кои спијат на лева страна имаат поквалитетен сон и поздрав организам.

Должината на сонот влијае на многу психо-физички активности во текот на наредниот ден, но не сте знаеле дека и страната на која спиете влијае на вашето здравје.

Ајурведа, традиционалната индиска медицина, вели дека оние кои спијат на левата страна имаат поквалитетен сон и поздрав организам.

Спиењето на левата страна позитивно влијае на дигестивниот тракт, на срцето и грбот.

Ова е списокот со позитивни работи на кои влијае спиењето на левата страна:

– Делува позитивно на лимфниот систем, ги ослободува токсините од организмот. Исто така помага и во одморањето на мозочните клетки. Наспроти тоа, спиењето на десна страна ја нарушува работата на лимфниот систем. Со оваа теорија се сложуаат и западните научници.

– Спиењето на лева страна помага при варењето, подобра работа на дигестивниот тракт. Панкреасот и слезината функционираат подобро кога спиете на левата страна.

– Подобро влијае на работата на срцето. Докторите ги советуваат трудниците да спијат на лева страна, поради подобра циркулација. Со спиењето на левата страна, крвта циркулира до фетусот. Исто така се ослободува и грбниот притисок.

– Оние кои имаат проблем со костоболка и грбот, треба да се завртат на левата страна од креветот. Со тоа на себеси ќе си обезбедат подобар сон, а и ќе им биде поудобно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП