24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата во еврозоната бележи пад и на почетокот на 2021-ва

Економијата во еврозоната бележи пад и на почетокот на 2021-ва

Економскиот пад во еврозоната се продлабочи во јануари, како одраз на тешките последици од мерките за контрола на коронавирусот во доминантниот услужен сектор, покажа студијата на лондонската фирма „Markit“.

Индексот на менаџерите за набавки (PMI) во приватниот сектор во еврозоната падна за 1,3 поени во јануари од декември, намалувајќи се на 47,8 поени, објави „Markit“, зголемувајќи ја својата прва проценка за нејзината вредност за 0,3 поени.

Вредностите под 50 поени укажуваат на пад на активноста, а повеќе на нивниот раст.

Бројот на заболени со Ковид-19 повторно се зголемува, а владите низ целиот континент ги обновија строгите мерки за блокада, затворајќи ги културните, угостителските и рекреативните објекти.

„Почетокот на 2021-ва година се очекуваше да биде тежок за економијата во еврозоната, бидејќи деловната активност, особено во услужниот сектор, продолжува да страда од негативните ефекти од континуираните напори да се спречи ширењето на Ковид-19“, објаснува главниот економист на „Markit“, Крис Вилијамсон.

„Со оглед на бавната вакцинација, фокусот ќе биде насочен кон потребата од одржување на мерките за фискална и монетарна поддршка уште некое време, особено за да се спречи натамошно интензивирање на загубите на вработените во најтешко погодените сектори, како што се угостителството, туризмот, патувањата и малопродажба”, рече тој.

Падот на активноста во услужниот сектор беше посилен отколку во декември, додека растот во индустријата малку забави.

Новите нарачки повторно паднаа на почетокот на 2021-ва година, како одраз на падот на побарувачката во областа на примена на единствената европска валута, додека странската порасна втор месец по ред.

Инфлациските притисоци значително се интензивираа во јануари, особено во индустријата, поради силниот раст на влезните трошоци поврзани со нарушувањата на синџирот на снабдување, забележува „Markit“.

Меѓу големите економии опфатени со истражувањето, само Германија забележа раст на активноста.

Бизнис-лидерите остануваат оптимисти во предвидувањата за следните 12 месеци, надевајќи се на успешна кампања за вакцинација против Ковид-19 во текот на годината.

Од друга страна, Вилијамсон предвидува дека мерките за контрола на пандемијата најверојатно ќе ги попречат економиите во еврозоната во наредните месеци и евентуално во вториот квартал, „со оглед на бавната дистрибуција на вакцините“.

„Затоа, фокусот ќе биде насочен кон потребата од спроведување стимулативни фискални и монетарни политики уште некое време, пред се, за да се спречат уште поголеми загуби на работни места во најтешко погодените сектори, како што се угостителството, туризмот, патувањата и трговијата на мало“, заклучува Вилијамсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП