25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто е "short selling"?

Што е “short selling”?

“Short selling” како термин, од неодамна се почесто можевме да го прочитаме и кај нашите медиуми.

Во последниве денови, оваа тема беше крајно актуелна поради развојот на настаните околу компанијата GameStop, па затоа решивме да објавиме кратко објаснување за овој модел на тргување.

“Short selling”, познато како „шортирање“ во нашите брокерски кругови, е начин на инвестирање во кој прво се продава „позајмена“ акција (за позајмување се плаќа надокнада) или хартија од вредност која, подоцна, кога нејзината цена ќе падне, треба да се купи.

Заработката се остварува од разликата помеѓу продажната (повисока) и куповната (пониска) цена. Всушност, инвеститорите очекуваат пад на цената на акциите и од тоа заработуваат.

Математичката формула за “short selling” е релативно едноставна. Стандардно, мрежните брокери секогаш покажуваат нето добивка или загуба на платформите за тргување. Колку е пониска откупната цена на вашите акции во однос на продажната цена, толку повеќе пари се заработуваат. Со други зборови, колку е пониска кратката продажна цена, толку е поголема веројатноста да остварите значителен профит.

Кога е најдобро време за “шорт”?

За жал, никој не може да ја предвиди иднината. Сепак, постојат одредени сценарија во кои short sell акциите може да се покажат корисни.

Издвојуваме три сценарија во кои “шортирањето” може да биде добар потег:

  1. Финансиски крах на пазарот

Се сеќавате на финансиската криза во 2008 година? Дванаесет години подоцна дојде корона кризата, а во февруари минатата година бевме сведоци на стрмоглаво паѓање на берзата. Некои велат дека можеме да очекуваме повторно пад. Падовите се случуваат, иако не толку често. Сепак, сè е во тоа да бидете подготвени, па ако се случи, знаете што да направите.

  1. Скандал во компанија

Ова сценарио се случува почесто од финансиски катастрофи. Се сеќавате на скандалот со дизел на Фолксваген во 2015 година? Или од неодамнешниот скандал со Wirecard…

  1. Лоши деловни резултати на компанијата

Секое тромесечје, компаниите го објавуваат својот извештај за заработка. Аналитичарите даваат свои проценки за тоа колку, меѓу другото, ќе биде и износот на заработка по акција и приходите. Доколку компанијата работи под очекувањата на пазарот, последицата најверојатно ќе биде дека акционерите ќе сакаат да ги продадат своите акции, додека, во исто време, некои други ќе отворат нови кратки позиции. По низа лоши извештаи за слаба заработка, компанијата би можела да започне да покажува значаен надолен тренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП