25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЧудото наречено GameStop: Малите инвеститори ги фрлија на колена големите фондовски играчи

Чудото наречено GameStop: Малите инвеститори ги фрлија на колена големите фондовски играчи

Акциите на „GameStop“ минатата година во април вредеа само 2,80 долари, а во средата можеа да се продадат за неверојатни 340 долари.

Само оваа година, цената се зголеми за скоро 700 проценти, иако се очекува оваа година компанијата да работи со загуба.

И сето ова се случува спротивно на инвестициските одлуки на големите фондови кои ги продаваа акциите на GameStop во последните денови.

Битката започна кога добро познатиот шорт продавач Ендру Лефт од Citron Capital зборуваше против GameStop. Тој беше пречекан со нож од толпа мали инвеститори кои се обложија токму на спротивното. Краткорочниот притисок бил толку остар што фондовите ги продавале долгите позиции во акции за да ги платат загубите.

„Бидејќи правилата се менуваат, на луѓето тоа не им се допаѓа“, изјави инвеститорот во технолошки акции Шамат Палихапитија за CNBC.

„Живееме во свет каде што обичните луѓе имаат ист пристап до пазарот како професионалците и можат да дојдат до истиот заклучок или можеби спротивниот. Решението е поголема институционална транспарентност, а не помал пристап до малопродажбата“.

Каде е тука логиката? Не е тука! Сите познавачи истакнуваат дека акциите се ужасно напумпани, но од друга страна има млади шпекуланти кои тргуваат преку интернет брокери со минимална провизија (како современиот Робин Худ) и кои, според некои податоци, веќе генерираат петтина од вкупниот промет. Очигледно тие сега (преку форум како Reddit) заеднички заклучија дека акциите на GameStop вредат да се купат во секој поглед и ги „победија“ професионалците кои се обложуваат на пад на акциите со кратки позиции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП