16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот долг ризикува да ја намали побарувачката за државни обврзници (ИНФОГРАФИК)

Европскиот долг ризикува да ја намали побарувачката за државни обврзници (ИНФОГРАФИК)

По успешниот почеток на годината за продажба на обврзници во еврозоната, нов дел од долгот од Европската унија ризикува да го изеде идното барање на земјите-членки, посочува „Bloomberg“ во својот материјал.

Блокот требаше да ги издаде своите први обврзници за годинава во минатата недела, откако претходната транша собра рекорден број порачки порано во 2020-та година.

Ова ја подготвува сцената за промена во распределбата на средствата, во која националниот долг на земјите-членки ќе се занемари на штета на европскиот, велат инвеститорите на континентот, меѓу кои и „Janus Henderson“ во Лондон, „Grupo Novo Banco“ во Лисабон и „Degroof Petercam“ во Брисел. Постојат дури и шпекулации дека европските обврзници може еден ден да се натпреваруваат со германските или американските обврзници.

„Постои голема разлика во однос на конкуренцијата со другите европски суверени долгови“, рече Ендру Мулинер, менаџер на портфолио во „Јanus Henderson Investors“.

„Со зголемувањето на издавањето од ЕУ, тоа треба да стане попосакувано ликвидно средство во Европа. Ова веројатно значи дека побарувачката за такви од Франција ќе се намали при еднакви услови“, рече тој.

Пан-европскиот долг е промена на играта за сите што се на сцената на долг за 12 трилиони евра на континентот, кое ќе мора да ги преработи своите стратегии околу издавачот што не се вклопува лесно во традиционалните категории. И големината на публикациите на блокот наскоро ќе ги засени оние на повеќето суверени држави во еврозоната. Намерата на блокот да продаде дел од долгот преку аукции – формат што го користат скоро исклучиво владите – дополнително ги брише границите.

Досега таканаречените европски социјални обврзници имаа подобри резултати од националниот долг, иако нема никакви знаци на опаѓање на интересот во регионот. На почетокот на овој месец, нова група италијански обврзници доби речиси рекорден број нарачки. Следната во фокусот е Франција, која во вторник ќе се обиде да продаде 50-годишен долг.

Последиците од успешното издавање на европски обврзници се очекува да се почувствува и надвор од пазарот на долгови. Скоро две третини од анкетираните должнички инвеститори, кои учествуваа во истражувањето на „ABN Amro Bank“, посочуваат дека ќе направат ребаланс кон суверени, наднационални и агенциски обврзници (ЅЅА) во 2021-ва година. Околу една петтина од пазарните единици на банките укажуваат на зголемено издавање од ЕУ како водечки фактор.

Елементот на конкуренција се рефлектира и во плановите на една третина од банките да го преместат тргувањето со европски обврзници од нивните единици на „ЅЅА“ долгови во тимови на европски државни обврзници, според анкетата на „BlackRock“.

„Треба да бидеме креативни со ЕУ како нов издавач“, рече Вашко Телеш, управител на фондови во „Grupo Novo Banco Gestão de Activos“ во Лисабон.

„Ова е навистина новото „дете во градот“ што направи нетипичните инвеститори да го погледнат“, додаде тој.

Секое слабеење на побарувачката за национален долг во теорија може да ги зголеми трошоците за позајмување. Сепак, во свет каде што сите средства се водени од невидена великодушност на централните банки, значителните промени во дистрибуцијата веројатно ќе предизвикаат само мала промена на цените.

Приносот исто така започнува од историско ниско ниво и честопати од негативни нивоа, што значи дека во пракса голем дел од континентот добива пари за позајмица за една деценија. Германските каматни стапки се најниски во регионот, што значи дека гладните средства за враќање бараат во европските обврзници како потенцијална замена.

Германскиот долг сепак ќе остане привлечен со оглед на силата на локалната економија. Ќе бидат потребни повеќе чекори од ЕУ кон политичката и фискалната унија за заедничкиот долг да го замени германскиот, рече Константин Вајт, постар менаџер на портфолио во „Pimco Europe GmbH“.

Засега, европскиот долг може да продолжи да привлекува интерес заради сите овие пари што се влеваат во средства со фактори на животната средина, социјалната одговорност и управувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП