петок, март 5, 2021
8 °c
Skopje
5 ° пет
2 ° саб
5 ° нед
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати

ALK 14,370.13 -0.61%    GRNT 1,229.57 -0.5%    KMB 7,628.92 -2.3%    RMDEN16 99.50 0%    RMDEN17 99.50 0%    RMDEN19 99.60 0%    ZPKO 4,204.12 -1.77%    
Почетна ЕКОНОМИЈА

Во функција Национален регистар на вистински сопственици

јануари 27, 2021
во категорија ЕКОНОМИЈА, МАКЕДОНИЈА
A A
Во функција Национален регистар на вистински сопственици
57
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

Национален регистар на вистински сопственици е во функција од денеска, со што и Централниот регистар се вклучува во борбата против против перењето пари и финансирањето тероризам.

Постоечките субјекти имаат рок од 90 дена да ги внесат потребните податоци во регистарот, а потоа секоја промена на структурата на вистински сопственции се пријавува во рок од осум дена. Новооснованите субјекти, пак, ќе имат рок од осум дена да ги запишат вистинските сопственици. Во спротивно, како што најавија надлежените институции, ќе се соочат со финансиски проблеми. Уписите извршени во законските рокови се бесплатни.

Директорката на Централниот регистар Марија Бошковска Јанковски на промоцијата ги повика сите правни субјекти да се пријават во регистарот, потенцирајќи дека податоците ќе бидат отворени за целата јавност и до информација за вистински сопственик ќе може да дојде секој граѓанин.

-Воспоставувањето на регистарот ќе биде дополнителен квалитет во однос на транспарентноста на домашниот пазар, но и алатка во борбата со перењето пари и финансирањето на тероризмот. Целта е евидентирање и обезбедување точни и ажурирани податоци за вистинските сопственици на правните субјекти. Податоците од овој регистар ќе отворат целосно нова слика за структурата на македонското стопанство. Обврска на секое овластено лице на правен субјект во државата е да го утврди и верификува својот вистински сопственик или сопственици согалсно со Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и електронски да ги евидентира во регистарот на вистински сопственици, рече Бошковска Јанковски.

Како што истакна директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов, субјектите што нема да внесат вистински податоци во регистарот ќе се соочат со финансиски проблеми.

-Обврската на субјектите, значи банките, сметководителите, адвокатите, тоа се отприлика 24 дејности, да спореведуават мерки и дејности за спречување перење пари согласно Законот проверуваат дали правното лице кое е нивен клиент ги внел во Регистарот за вистински сопстевник и дали истите се вистинити. Ако таа обврска не е исполнета во моментот го замзрнува деловниот однос со ваквиот субјект, појасни Трендафилов.

Според вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски, со регистарот во периодот што следува институциите во државата добиваат уште една квалитетна алка за борба против перењето пари и финансирањето тероризам.

-Целта на Регистарот е да навлезе длабоко во сопственичката структура на правните субјекти за транспарентно да објави кој е тој што реално профитира од работата на компаниите во нашата земја скриен зад комплексната слоевита правна структура, рече Николовски.

Како што појасни вицепремиерот, брзото движење на парите овозможено од глобализацијата и дигитализацијата во услови на слаба транспарентност овозможува плодна почва за злоупотреба на финансискиот систем. -Доколку органите на истрагата и на прогонот немаат можност за јасна идентификација на сторителите на кривичните дела тие остануваат немоќни во процесот на нивното гонење и изведување пред правдата што придонесува овие криминални шеми дополнително да се продлабочуваат. Токму во овој контекст една од главните алатки за справување со овој ризик е овозможување на транспарентност на ниво на вистински сопственици на правните лица. Тоа подразбира идентификување на физичките лица кои директно или индиректно остваруваат управувачка или контролна улога во едно правно лице, односно на каков било начин имаат крајно и ефективно влијание во работењето и управувањето со истото, рече Николовски.

Регистарот е имплементиран со финансиска поддршка од Германското друштво за интернационална соработка ГИЗ, како обврска од усогласувањето на домашното со европското законодавство.

Заменик-амбасадорот на Германија во државава Ото Граф истакна дека работата на економските криминали, избегнувањето на плаќањето на криминалот и други видови на економски криминал се мошне важни во обезбедувањето на правата на граѓаните.

-Обезбедувањето на вистинските сопственици на правните лица е важно и бара не само внимание на национално ниво, туку и глобален пристап. Едно од вистинските решенија е да дознаеме кои се вистинските сопственици на компаниите со тоа што ќе имаме ваков национален регистар којшто ќе ни ги прикаже овие вистински сопственици и ќе помогне во спречувањето на перење на пари и помагање на реформите во сите држави, рече Граф.

Регистарот, укажа, нема да биде важен само за Владата, туку и за целата јавност. Пристап до вакви информации е важен за земјата која што има добро владеење и сака да им ги отвори патиштата на компаниите за идно финансирање.

-Горди сме да го започнеме воспоставувањето на Националниот регистар во државата преку Глобалниот фонд и преку ГИЗ којшто ги поддржува властите во државите во Западен Балкан и продолжува во борбата против криминалот, спречувањето на нелегално стекнатите права и имот и нелегалните активности. -Во оваа насока Република Северна Македонија презеде значајни активности во борбата против борбата и нелегалните финансиски текови. ЕУ смета дека ова е мошне важна алатка и е задолжителна за сите земји членки на ЕУ да имаат регистрирани национални регистри во борбата против перењето на пари. Ова дава насока и за Северна Македонија, која Германија ја гледа како идна членка на ЕУ иако во моментов постојат некои проблеми коишто треба да се решат, рече заменик амбасадорот Граф.

На воспоставувњето на регистарот му претходеа заеднички активности на Централниот регистар, Управата за финансиско разузнавање, Министерството за финансии.. во изминатите 2,5 години.

Над 200 потенцијални подносители на податоците за новиот регистар досега посетиле обуки, а таквите активности ќе продолжат и во наредниот период.

Тагови: националенрегистарсопственици
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Нереална сцена: Мечка бркаше скијач, луѓето на жичарницата врескаа(ВИДЕО)

Следна Објава

Како САД достигнаа бројка од 20 милиони милионери? -„Вредни и обични луѓе“

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

„Foxconn“ навести силен почеток на годината
КОМПАНИИ

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

март 5, 2021
5

Соработникот на „Apple“, „Foxconn“, објави дека очекува приходите во првиот квартал да пораснат за над 15 проценти во однос на...

Прочитај повеќе
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг
ЕКОНОМИЈА

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

март 5, 2021
31

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Прочитај повеќе
АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

март 5, 2021
9

Граѓани, компании и институции лани купиле осигурителни полиси за животно и за неживотно осигурување во вкупна вредност од 10,06 милијарди...

Прочитај повеќе
Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија
КОРОНА

Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

март 5, 2021
34

Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството во вторникот се...

Прочитај повеќе
Светските цени на храната се највисоки од 2014-та
ЕКОНОМИЈА

Светските цени на храната се највисоки од 2014-та

март 5, 2021
19

Светските цени на храната продолжуваат да растат, деветти месец по ред. Ова е нивно највисоко ниво од јули 2014-та година,...

Прочитај повеќе
Новите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели
ТЕХНОЛОГИЈА

Новите ажурирања на „Chrome“ ќе бидат на секои четири недели

март 5, 2021
21

„Google Chrome“ обично добива нови одлични одлики на секои шест недели, без разлика дали се работи за безбедност, стабилност или...

Прочитај повеќе
Taycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)
АВТОБИЗ

Taycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)

март 5, 2021
59

Германскиот производител „Porsche“ претстави караван верзија на својот прв електричен автомобил „Taycan“. Практичната верзија на автомобилот донекаде имитира „SUV“, што...

Прочитај повеќе
На „Merck“ му оди подобро во 2020-та година од „Bayer“ и „BASF“
КОМПАНИИ

На „Merck“ му оди подобро во 2020-та година од „Bayer“ и „BASF“

март 5, 2021
9

„Merck Group“ со седиште во Дармштат ја заврши 2020-та година со силен раст на профитот и нов рекорден резултат во...

Прочитај повеќе
Холандски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите
СВЕТ

Холандски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите

март 5, 2021
27

Најголемиот кинески производител на чипови, SMIC, купи опрема за производство од ASML, со седиште во Холандија, за 1,2 милијарди долари,...

Прочитај повеќе
Нов Закон за платежни услуги и платни системи: ФинТек, нови услуги и финансиска инклузија на ранливите категории
ЕКОНОМИЈА

Нов Закон за платежни услуги и платни системи: ФинТек, нови услуги и финансиска инклузија на ранливите категории

март 5, 2021
19

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, кој од денеска е поставен за јавна консултација на Единствениот национален регистар...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

„Foxconn“ навести силен почеток на годината

март 5, 2021
„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

март 5, 2021
АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

АСО: Граѓани, компании и институции во осигурување вложиле 163,7 милиони евра

март 5, 2021
Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

март 5, 2021
Светските цени на храната се највисоки од 2014-та

Светските цени на храната се највисоки од 2014-та

март 5, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Расте бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

    Расте бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Грција продолжува да се тресе, нов силен земјотрес кој е почувствуван и во Македонија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Кина одобри три традиционални рецепти за лекување Ковид-19

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Повеќе од една третина од купувачите на биткоин се крипто-аналфабети

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што може да направи телевизор од 400.000 американски долари? (ВИДЕО)

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 05.03.2021
ХОРОСКОП

Дневен хороскоп 05.03.2021

март 5, 2021
1k
Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 01.03.2021 до 07.03.2021

март 1, 2021
5k

КВИЗОВИ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот
КВИЗ

КВИЗ: Тестирајте го Вашето знаење во врска со Интернетот

март 3, 2021
196

Со која вакцина против Ковид-19 би се вакцинирале?
Гласај

Следна Објава
Како САД достигнаа бројка од 20 милиони милионери? -„Вредни и обични луѓе“

Како САД достигнаа бројка од 20 милиони милионери? -„Вредни и обични луѓе“

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани