Италијанското списание за автомобили „Quattroruote“ во последно време се занимава со возилото на „Mercedes“ кое ќе му биде ривал на „BMW X6“. Па поради тоа тие објавија дури и еден цртеж за неговиот можен изглед.

Од „Quattroruote“ најавуваат дека „Mercedеs MLC“ би требало да се најде во продажба во 2015-та година и дека тоа возило ќе биде базирано на платформата на „М Сlasѕ“.
„MLC“ според претходните најави би требало да се произведува во фабриката на германската компанија која се наоѓа во САД, а се очекува овој модел да има и „AMG“ варијанта.
Освен „Mercedes“ и „Audi“ подготува конкурент на „X6“ и тоа во вид на СУВ купе кое ќе го наречат „Q6“ кој се очекува да се појави во 2016-та година.