28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ја намалува прогнозата за раст за 2021-ва поради моменталните мерки

Германија ја намалува прогнозата за раст за 2021-ва поради моменталните мерки

Германија ја намали прогнозата за економски раст за оваа година на 3% поради продолжувањето на ограничувањата за справување со коронавирусот, кој се очекува да важи за активностите во првиот квартал.

Владата ја намали прогнозата за 4,4% на крајот на октомври, според извор запознат со годишниот економски извештај, кој ќе биде објавен следната недела. Германија објави делумна блокада, вклучително и затворање на продавници за несуштинска стока на почетокот на ноември. Оттогаш, ситуацијата не се подобри значително и земјата ги продолжи мерките барем до средината на февруари.

Министерот за економија Питер Алтмајер ќе го претстави најновиот извештај на прес-конференција следната среда. Најголемата европска економија не претрпе толку многу како некои други земји од ефектите на кризата со коронавирусот, делумно благодарение на дарежливата државна поддршка.

Раст од 3% следната година, што се совпаѓа со прогнозата на централната банка „Бундесбанк“, ќе биде проследен со намалување од 5% во 2020-та година. Повеќето предвидувања покажуваат дека на економијата ќе и треба време барем до 2022-ра година за да го поврати изгубениот интензитет поради пандемијата.

Меѓународниот монетарен фонд оваа недела соопшти дека администрацијата на канцеларката Ангела Меркел треба да размисли за обезбедување дополнителна помош за компаниите и за одржување на поддршката за пазарот на труд за да се избегнат трајни лузни. Претставници на ММФ предвидоа „нестабилен“ и нерамномерно распределен раст, кој ќе се интензивира само по раширеното дистрибуција на вакцините против Ковид-19.

Инвеститорите изразија доверба во закрепнувањето на Германија во вторникот, бидејќи показателот, мерејќи ги очекувањата во следните шест месеци, се искачи на највисоко ниво од септември – пред вториот бран да ги активира новите ограничувања.

Економијата веројатно избегна контракција во четвртиот квартал, делумно благодарение на силниот производствен сектор кој е помалку директно погоден од ограничувањата што ги погодија угостителскиот и туристичкиот сектор.

Сепак, неодамнешните показатели покажуваат дека активноста на приватниот сектор е буквално во стагнација во јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП