Темните кругови под очите не мораат да бидат само последица од заморот и недостатокот на сон. Запушените дишни патишта исто така оневозможуваат крвта слободно да циркулира, поради што можат да се појават подочници.
Алергиите и запушените синуси исто така се честа причина за појава на подочници. Алергиските реакции доведуваат до тоа организмот да отпушта хистамини, поради што крвните садови се шират. Чешањето дополнително ја комплицира работата и ги зголемува отоците.

