2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е најбогатиот град во Германија?

Кој е најбогатиот град во Германија?

stadtwolfsburg112_v-contentgross

Индустрискиот град Волфсбург е дом на најбогатите германски државјани според резултатите од новото истражување. Автомобилската индустрија е во основата на високиот стандард на живеење во градот. Со бруто домашен производ (БДП) по глава на жител во износ од 92.600 евра, што традиционално е индикатор на за економската состојба на еден град, жителите на Волфсбург се финансиски најстабилни во Германија.

Зад Волфсбург се најде банкарската престолнина на Германија, Франкфурт чии што БДП по глава на жител изнесува 82.700 евра. На третото место се најде Швајнфурт со 78.400 евра.

Благодарение на „Volkswagen“, кој обезбедува голем дел од вработеноста во градот, во Волфсбург има толку работни места, како и жители – 120.000. Околу 74.000 од овие позиции се заземени од луѓе од соседните градови, кои патуваат секој ден. Фабриката на „Volkswagen“ во Волфсбург е најголема во светот, според компанијата.

Резултатите од студијата, кои беа објавени во регионалното издание „Rheinische Post“, покажуваат дека поголемото не секогаш е подобро кога станува збор за економијата на еден град.

Минхен, кој е познат како богат град, има БДП по глава на жител во износ од 58.000 евра, со што е рангиран дури на 14-то место во ова рангирање. Се чини дека другите градови исто така се справуваат подобро благодарение на автомобилската индустрија. Инголштад го зазема четвртото место во рангирањето благодарение на Ауди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП