3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦел свет тоне, Германците растат и трошат!

Цел свет тоне, Германците растат и трошат!

Berlin-Brandenburger-Tor-101-0

Довербата на потрошувачите во Германија продолжи да расте во јули, со повисоки очекувања во однос на економскиот раст и платите.

„Изгледите за стабилен пазар на труд и умерена инфлација повторно поттикнаа на оптимизам во јули“, наведено е во соопштението на истражувачкиот институт „ГФК“.

„Во меѓувреме, подготвеноста на потрошувачите да трошат го достигна единоиполгодишниот максимум, додека очекувањата на потрошувачите во однос на растот на најголемата европска економија се само малку над просекот“, се додава во соопштението.

Како што е наведено од „ГФК“, тековните проблеми во соседните земји од еврозоната и бавениот раст на кинеската економија би можеле да нанесат штета на германскиот извоз.

„Германија е единствената земја во Европа каде стапката на невработеност значително се намали во споредба со периодот пред кризата“, истакнуваат од „ГФК“.

Анкетата за довербата на потрошувачите е врз основа на одговорите на 2.000 домаќинства за нивните очекувања во однос на економијата како целина во текот на следните месеци, како и нивната подготвеност да трошат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП