25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови детали за Алфа Ромео - Spider

Нови детали за Алфа Ромео – Spider

alfa

Мазда и Фиат во 2012-та година ја најавија својата соработка за производство на два сродни спортски автомобили со отворен покрив кои ќе се произведуваат со амблемите на марките Алфа Ромео и Мазадa. Во медиумите се појавија нови информации за овие автомобили.

Потврдено е дека двата модели ќе се изработуваат во Јапонија, но и дека секој од производителите ќе вградува сопствена погонска единица.

Алфа Ромео „Spider“ ќе ја дели платформата со следната генерација на моделот Мазда „MX-5“, а за дизајнот ќе биде задолжен Марко Тенцоне и неговиот тим од студиото „FIAT Centro Stile“. Иако новата Алфа би требала да го превземе името и на моделот „Duetto“ од шеесетите години од 20-тиот век на студиото „Pininfarina“ кој го дизјанираше оргиналниот модел, како и концептот „2uettottanta“ од 2010-та година. Но сепак ова студио нема да биде вклучено во стилската реализација.

Извор од компанијата наведува дека новиот „Spider“ ќе биде заснован на споменатиот концепт и нема да биде дизајниран во ретро стил, туку ќе има многу современ изглед за да не се разликува премногу од моделот Алфа Ромео „4C“.

alfa1

Во споредба со тој автомобил, „Spider“ би требало да има поразличен дизајн на фаровите се со цел да се задоволат фановите на Алфа.

Моделите на Мазда и Алфа ќе делат доста компоненти, како предната и задната осовина, делот во кој ќе биде сместен моторот и други конструктивни елементи. Двете возила ќе бидат долги околу 4 метри и широки 1.7 метри.

Масата на моделот на италијанскиот производител ќе се движи меѓу 1.000 и 1.100 килограми, а во конструкцијата ќе се користи челик. Моторот кој ќе се вгради во новата Алфа ќе биде поврзан со шестстепен автоматски менувач со двојно квачило.

За разлика од „Giuliettа“ каде овој мотор развива 170 ks, новиот модел ќе има нешто поголема снага која ќе се пренесува на задните тркала.

И додека новата Мазда „MX-5“ се очекува на почетокот на 2015-та година, Алфа Ромео „Spider“ би требало да биде претставен на крајот на истата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП