3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСловенечката NLB со загуба од 91 милиони евра

Словенечката NLB со загуба од 91 милиони евра

nlbskupina1

Најголемата словенечка банка, државната Нова Љубљанска банка (NLB), забележа загуба од 91 милиони евра во првата половина од годината, поради отписи на побарувања и пониски приходи од камати.

НЛБ во истиот период минатата година направи профит од 32.3 милиони евра, но поради лошите кредити, на крајот на минатата година имаше загуба од 273.5 милиони евра, пренесува агенцијата Франс Прес.

Акционерите на НЛБ во јуни одобрија зголемување на капиталот за 500 милиони евра, што, покрај трансферот на лошите кредити во “лошата” банка BAMC, имаат за цел да обезбедат адекватност на капиталот и стабилизација во работењето.

Се очекува дека НЛБ во BAMC ќе префрли ризични средства во вредност од околу две милијарди евра. Словенечкиот парламент минатата година формираше “лоша” банка, во која трите најголеми државни банки ќе ги ослободат ризичните кредити во вредност до седум милијарди евра.

Во стравот дека реалниот обем на такви кредити е поголем, Европската комисија побара од Словенија да се изврши независна ревизија на банкарскиот сектор, со што се одложи трансферот чиј почеток беше планиран за почетокот на јуни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП